Се зголемил откупот на доматите, но за други видови храна има и намалување
Објавено во: Економија 27 Август, 2025 17:13
Зголемен e откупот на доматите, а намален е на млекото.
Вредноста на откупот и продажбата на земјоделските производи во второто тримесечје од 2025 година во Македонија изнесува 3,6 милијарди денари, објави Државниот завод за статистика(ДЗС).
Во второто тримесечје од 2025 година, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 26,4 отсто, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано намалување за 5 отсто.
Откупот и продажбата во второто тримесечје од 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 7,2 отсто.
Зголемување на откупот и продажбата во наведениот период има кај пченицата и изнесува 1.297 тони ( 1.236 тони во второто тримесечје од 2024), домати 7.142 тони (6.827 тони) , свињи 2.690 тони (1.191 т.) и кај млекото има намалување 287.868 хл (326.618 хл).
Откуп и продажба на земјоделски производи по групи во второ тримесечје 2025 година е зголемено кај полјоделството за 32,6 отсто и овоштарството за 383,9 отсто.
Намалување на откупот и продажбата има кај алкохолните пијалоци за 3,4 отсто, кај сточарството за 2,1 отсто и кај рибата за 19,5 отсто.
foto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното





