СЕ ЗГОЛЕМИЛЕ ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ: Kaде има најголемо поскапување?
Објавено во: Економија 14 Февруари, 2025 16:51
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 отсто, а цените на мало за 5.2 отсто.
Индексот на трошоците на животот во јануари 2025, во однос на јануари 2024 година, има зголемување, соопшти Државниот завод за статистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, изнесува 0.2 отсто.
Зголемувањето на инфлацијата во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Разновидни стоки и услуги за 1.6 отсто, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1.5 отсто, Ресторани и хотели за 0.7 отсто, Храна и безалкохолни пијалаци, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и Рекреација и култура за 0.1 отсто.
Во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 0.9 отсто, Комуникации за 0.4 отсто и Облека и обувки за 0.2 отсто. Трошоците на животот во групите: Домување, вода, електрика, гас и други горива, Здравје и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во јануари 2025 година во однос на декември 2024 година бележи намалување од 0.4 отсто.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година
Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти
Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?
Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?
Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците
Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета




