02 Декември, 2024
0.0257

Се зголемува бројот на пчелни семејства

Објавено во: Агробизнис 11 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Пчеларството во  последните години бележи нагорен тренд во однос на пчелните семејства. Според податоците од Министерството  за земјоделство, шумарство и водостопансто, во споредба со 2005 година кога имало 110 регистрирани пчелни семејства, сега бројката е зголемена на 14.000 пчелни семејства. По повод манифестацијата  “Денови на македонското пчеларство”, што по 15-ти пат се оджува во Битола, денеска на едно место се собраа македонските пчелари и научни експерти во пчеларството. - Македонскиот мед е еден од најквалитетните, не само кај нас туку и во Европа. Треба што повеќе да се произведува еколошки односно органски мед и во таа смисла ние како Влада правиме напори за зголемување на бројот на пчелни семејства. Во изминатите четири години доделивме околу 5,5 милиони евра за развојот на пчеларството со што упативме јасна порака дека и понатаму остануваме посветени и партнерски ориентирани кон производителите на мед. Пред неколку денови го промовиравме законот за земјоделски задруги и задоволни сме што пчеларите го поддржуваат овој проект и дека со здружување ќе можат да произведат производи со дополнителна вредност, изјави заменик министерот за земјоделство, Зоран Коњановски. Годинава на собирот во Битола кој ќе заврши на 14 октомври, освен пчелари и  експерти, ќе има и гости од повеќе градови од Македонија, кои на покана на пчеларското здружение „Нектар“ - Битола ќе одржат и работилница и тркалезна маса на теми поврзани со иднината на пчеларството.    

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.