Добивај вести на Viber
Пензиите во Русија од 1 февруари ќе пораснат за 6,5%, предвидува драфт-резолуцијата што ја усвои руската Влада. Со предвиденото покачување, средната пензија во Русија ќе се зголеми за околу 665 рубљи или 1.000 денари.
Зголемувањето на пензиите ќе опфати околу 37,8 милиони пензионери, а трошоците за него ќе изнесуваат 25,5 милијарди рубљи месечно, односно 280 милијарди рубљи до крајот на годината. Потребата за покачување на пензиите руските власти ја објаснуваат со зголемените трошоци за живот, кои биле регистрирани изминатата година.
Руските власти веќе најавија дека до крајот на годинава имаат намера да ги зголемат пензиите за 8%, а до 2016 година за цели 25%. Со ова зголемување, највисоките пензии во Русија, оние за учесниците во Втората светска војна и инвалидите треба да изнесуваат околу 43.000 денари.