СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА: Колку ќе заработуваат полицајците, лекарите, наставниците?

Објавено во: Економија 05 Декември, 2024 20:34
Во Словенија се зголемуваат платите за наставниците, полицајците, лекарите.
Почетната плата на полицаец ќе биде 1.636 евра бруто, што е зголемување за 34 отсто во однос на претходниот износ (1.219 евра). Се зголемува и почетната плата на висок полициски службеник, од 1.372 на 1.788 евра бруто. Почетната плата на професионален војник ќе биде 1.636 евра. Почетната плата на наставникот ќе изнесува 2.135 евра бруто, што е зголемување за 28 проценти.
Почетната плата на медицинска сестра акушерка ќе биде 1.736 евра бруто. Лекарите специјалисти ќе добијат 4.884 евра бруто. Платата на научен соработник се зголемува на 3.426 евра бруто.
Буџетот за плати во јавниот сектор до 2028 година ќе се зголеми за 1,4 милијарди евра. Просечното зголемување на основните плати се проценува на 19 отсто, што би изнесувало околу 380 евра бруто по вработен.
За работниците на кои сегашната основна плата им е помала од минималната, покачувањата ќе бидат уште поголеми.
Зголемувањето на платите ќе се спроведува постепено, на шест рати, а првата рата ќе биде на 1 јануари 2025 година, а последната на 1 јануари 2028 година, објави РТВ Словенија. Од земјите во поранешна Југославија, Словенија има највисоки плати.
foto freepik.com'claudiodiv
Можеби ќе ве интересира
АВТОМОБИЛИ ЈА ВОДАТ ГЕРМАНИЈА ОД КРИЗА? Нарачките растат, производството на возила ја извлекува економијата од рецесија

„КЛАСИЧЕН ПОТКУП НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ СО ПОНИСКИ ПЕНЗИИ“: Хајредини за најавата за покачување на пензиите

ПАДОТ НА СИЛИКОНСКАТА ДОЛИНА: Каде ќе се пишува нова технолошка историја? Ова место привлекува гиганти

ТРИ КИЛОМЕТРИ МОРЕ, ВРЕДНО МИЛИЈАРДИ: Дали Иран е подготвен да и зададе удар на целата планета?

МАКЕДОНИЈА ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАВАЊЕТО СО ЦЕФ: Димитриеска Кочоска се сретна со Вуковиќ

ФОТО: НИКОЛОСКИ И ТРАЈАНОВСКИ ВО АКЦИЈА: Беа во увид на патот Кичево-Охрид, најавија пуштање во употреба на делницата кај Подмоље вечерва

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА Е ПОБОРНИК ЗА ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ: Во септември доаѓа ново покачување

„ВЕЌЕ ПЛАЌАМЕ КАМАТИ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ОД КОЈ НЕМАМЕ ДОБИЕНО НИШТО“: Костадинов вели цената е веќе кажана - 2 милијарди евра!

ПРВАТА ПРОДАВНИЦА ЌЕ СЕ ОТВОРИ ВО СКОПЈЕ? Познатиот дански синџир на продавници Flying Tiger доаѓа на Балканот, ќе отворат 400 работни места!
