17 Декември, 2025
0.0557

Се жалите од премногу работа: Како им е на другите?

Објавено во: Свет 18 Февруари, 2015 08:39

Добивај вести на Viber

Масовна пракса на трудовото законодавство во светот е за 8-часовен работен ден и 40-часовна работна недела, а вонредното време да се плаќа дополнително. До ова доаѓа по децении барања од страна на синдикатите во светот, кои го штитат правото на работниците да не се преморуваат и да имаат слободно време за други активности. Во многу земји во светот ситуацијата сепак противречи на нивните барања. Во неодамна објавениот извештај на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) се гледа дека масовно луѓето во светот работат повеќе од овие временските надоместоци односно над 40 часа неделно. Да се открие соодветна рамнотежа помеѓу работата и остатокот од животот е предизвик за сите работници. Некои парови би сакале да имаат (повеќе) деца, но не би можеле да си дозволат да ја запрат или намалат својата работа. Други, пак, се задоволни од бројот на деца што ги имаат, но сакаат да можат да работат повеќе. Тоа е сериозен предизвик за владите, бидејќи кога родителите не можат да постигнат баланс меѓу работата и слободното време, не само нивната сопствена благосостојба што се намалува, туку страда и развојот на земјата. Луѓето во светот трошат во просек меѓу една десетина и една петтина од своето време во неплатена работа. Распределбата на задачите во семејството се уште е под влијание на половите улоги. Поверојатно е мажите да посветат повеќе време во платена работа, додека жените поминуваат повеќе време во неплатена работа дома. rabota Во просек мажите во земјите опфатени од извештајот на ОЕЦД поминуваат 141 минути на ден во вршење на неплатен труд, а жените испуштаат 272 минути на ден во готвење, чистење или грижи за некого. Оваа средна разлика од околу 2 часа и 20 минути прикрива многу разлики меѓу одделните земји. Жените во Турција и Мексико трошат во просек 4 часа и 20 минути повеќе од мажите за домашни активности, а разликата во скандинавските земји е малку над час. Важен дел од рамнотежата помеѓу работата и слободното време е поминато време на работа. Доказите покажуваат дека долгото работно време може да наштети на личното здравје, да ја загрози безбедноста и да го зголеми стресот. Уделот на вработените повеќе од 50 часа неделно во земјите од извештајот на ОЕЦД не е висок. Турција е земја која го зазема челното место со најголем удел од луѓето кои работат прекувремено долго, со над 43%. Ова се должи во голема мера на турскиот однос кон трудот што потсетува на протестантската работна етика, која ја однесе Европа до Индустриската револуција во 19 век. Следуваат Мексико и Израел со скоро 29% и 18,8%, соодветно. И во двете земји, исто така има доста позитивни резултати во последните децении, што се однесува до економската благосостојба. Генерално мажите поминуваат повеќе време, извршувајќи платен труд. Процентот на мажите кои работат долги часови во земјите од извештајот на ОЕЦД е 12%, во однос на под 5% кај жените. Колку повеќе време работат луѓето, толку помалку време имаат за други активности, како одмор или хоби. Должината и квалитетот на слободното време е важно за севкупниот просперитет на луѓето и може да доведе до дополнителни здравствени пробиблеми какои и физички и психички. Работник со полно работно време во земја од извештајот на ОЕЦД изработува просек 1 765 часа годишно и одвојува 62% од своето време, или речиси 15 часа, за лична нега и слободно време. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“