Седум медали за сите седум вина на „Монтеко“ на највлијателниот и најпрестижен вински натпревар во светот
Објавено во: Мои пари 23 Јуни, 2025 17:11
Со освоени седум медали за седум вина на најпрестижниот вински натпревар во светот, Decanter World Wine Awards 2025, винаријата „Монтеко“ го оствари најголемиот успех во своето едногодишно присуство на пазарот. Освоените признанија на Decanter се круна на успехот на винаријата „Монтеко“ за оваа година и уште една потврда за врвниот квалитет на нејзините вина, добиена од врвни интернационални вински експерти.
Во конкуренција од илјадници вина од 57 земји од целиот свет, сите седум вина од портфолиото на „Монтеко“ се закитија со медали на првото учество на Decanter. Сребрен медал освоија црвените вина „Вранец“, „Мерло“ и „Неро“, додека бронзен медал добија црвените вина „Филип“ и „Каберне совињон“ и белите вина „Темјаника“ и „Шардоне“. Успешниот резултат доаѓа само неколку месеци поуспехот на International Wine Challenge (IWC), каде вината на „Монтеко“ освоија шест медали.
- Со постигнатите резултати на Decanter, „Монтеко“ стана единствената македонска винарија, а и една од ретките во светот, кај која сите вина што ги произведува се закитија со медал на ова големо натпреварување. Конкуренцијата таму е екстремно силна, се натпреваруваат илјадници вина од целиот свет и водечките светски винарии, а нашите вина добија многу високи оценки од најреномираните вински експерти. Со тоа уште еднаш покажавме дека Кратово е новата точка на винската мапа на светот.Од срце им благодариме на сите што веруваат во квалитетот на нашето вино. Ова е само почеток, продолжуваме понатаму со новитети и унапредување на винската индустрија во земјава и регионот – истакнуваат од винаријата „Монтеко“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





