16 Декември, 2025
0.0530

Седум начини на кои парламентарните избори може да ја променат Велика Британија

Објавено во: Свет 07 Мај, 2015 18:58

Добивај вести на Viber

Британските избори оваа година се опишувани како неинтересни или банални, како што политичарите видливо покажаа неподготвеност да дискутираат за некои од најважните прашања, а медиумите се фокусираат повеќе на личностите, отколку врз политиката.

Но вистината е дека ова гласање е ништо, но не и здодевно и има реален потенцијал да го означи почетокот на нова политичка ера во британската политика. Изгледа потегот на промената е веќе активиран, а резултатот може да е драматичен.

Седум се можните начини на кои парламентарните избори може да ја променат Велика Британија.

Првата можност е гласањето да доведе до парламент во кој ниту една партија нема апсолутно мнозинство. Ова се случува доста ретко предвид двопартискиот карактер на британските избори. Во 20 век има само 5 случаи на таков изборен резултат и многу од нив се резултат на сложени и уникатни политички околности. Во 2010 година, ниту една партија не освои мнозинство, што ги принуди конзервативците да формираат коалициска влада со либералдемократите - одамна ја прифаќаат слабата трета партија во британскиот политички свет. Пет години подоцна таков резултат не изгледа противприроден. Неодамнешните истражувања покажуваат дека и конзервативците, и либералдемократите нема да добијат мнозинство на изборите. А што е повеќе драматично е дека трендот од 2010 година е новата норма за Велика Британија.

Втората можност е малцинска влада. Имало некои знаци дека работите може да се дури и фрагментирани во 2015 година.

Либералдемократите изгубиле дел од поддршката по последните избори и може да не успеат да добијат повторно клучна улога во формирањето на влада. Во меѓувреме, мали партии, како Партијата за независност на Велика Британија и Шкотската национална партија најверојатно ќе добијат повеќе места отколку во минатото. Тоа значи дека двопартискиата коалиција изгледа тешко достижна, а потенцијалните британски премиери ќе треба да ги измислуваат условите за формирање на коалиција или алијанса меѓу загуба од три или повеќе партии. Со оглед на суштинските разлики во политиките меѓу некои од овие партии, тоа ќе биде тешка задача. Алтернативата е малцинска влада. Тоа е доста ризичен потег кој може да ја спречи владата да усвојува какви и да е закони. Освен тоа не е јасно дали британскиот електорат ќе прифати влада, управувана од политичка партија, која ги не  "заработила" изборите.

Третата можност е политичка партија која сака го расцепот на Кралството, да стане биде дел од идната влада. Шкотската национална партија која ја сака независноста на Шкотска, стана моќна политичка сила на Островот. По опасен пад во поддршката за лабуристите во Шкотска во изминатата година и со оглед на фактот дека конзервативците таму традиционално немаат гласови Шкотската национална партија се очекува да ги освои скоро сите од 59-те места на Шкотска во парламентот.

Четвртата опција е гласањето да доведе до распишување референдум за членството на Велика Британија во ЕУ. Тоа е веројатно најдоброто драматично предизборно ветување на премиерот конзервативец Дејвид Камерон. Ако по изборите тој ја задржи функцијата, евроскептиците од неговата сопствена партија ќе го притиснат да го исполни ветувањето. Дури и еврофилските коалициски партнери - либералдемократите, претпоставуваат дека нема да му наштетат на таков референдум, ако го задржат своето место во коалицијата. Истражувањата покажуваат дека Британците би гласале да останат во ЕУ, ако референдумот се одржуваше денес, но работите брзо може да се променат пред 2017 година, особено ако евроскептичните партии преземаат агресивна кампања.

Петто, тоа може да е крај на политичките кариери за некои од политичките лидери. Ако Камерон не успее да формира коалиција, тоа најверојатно ќе значи крај на неговото владеење на чело на Конзервативната партија. Милибанд, лидерот на Лабуристичката партија, исто има силни повици да поднесе оставка, ако не успее да ја освојат својата партија во владата.

Шесто, најсериозна дебата за британскиот изборен систем веќе започна. Целата несигурност предизвикана од ова гласање, станува повод за длабока ревалоризација на британскиот политичка систем. Во минатото Британците гледаа на кревките коалициски влади во нивните европски соседи со чувство на супериорност. Сигурно системот на релативното мнозинство има некои недостатоци, но таа произведува влади, кои се способни реално да управуваат. Сега, откако можноста за последователна коалициска влада е голема, тоа може да даде поттик на новата кампања за промена на изборниот систем на Островот. Во 2011 година, Британците гласаа на референдум дали да го заменат системот, но предлогот беше одбиен. Многумина сепак го критикуваат начинот на спроведување на гласањето и велат дека политичарите си поминаа немарно кон кампањата за промена во системот. На позадината на веројатноста за нова коалиција сепак дебатата бира нова сила.

Седмата можност се нови избори, ако не биде формирана влада. Ова сигурно ќе предизвика незадоволство кај многу Британци, на кои им е доста од бескрајниот изборен циклус. Лидерот на либералдемократите Ник Клег претходно оваа недела ги предупреди гласачите дека може да се соочи со "неред" по изборите и со ново гласање пред Божиќ. Ова во суштина се случило неколку пати во текот на минатиот век. А за да се усложнат работите повеќе, во 2011 актуелната влада усвои закон за хард мандат.

Додека законот има за цел да ја направи нивната коалиција помалку подложна на распаѓање, како да потрае можноста од премиерот да свика предвремени избори, тој гарантира дека следните избори ќе се во 2020. Сега нови избори можат да бидат свикани само ако Парламентот гласа за недоверба, а за тоа се потребни гласовите на две третини од пратениците.

The Washington Post

Можеби ќе ве интересира

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?