19 Декември, 2025
0.0628

СЕДУМ СВАДБИ СЕ СОПРЕНИ ВЧЕРА: Пазарните инспектори во акција да го спречат ширењето на Ковид-19

Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2020 12:57

Добивај вести на Viber

Во текот на вчерашниот ден Пазарната инспекција, освен во неколкуте скопски барови, влегла и во седум ресторани каде се правеле свадби со повеќе од 150 луѓе. Директорот на Инспекторатот, Стојко Пауновски, за Фактор вели дека три се организирале во Скопје, две во Тетово и влегле во ресторанот „Престиж“ во Струга, кој е на два ката, и каде се одржувале две свадби.

-Што да ви кажам, само од синоќа имаме 14 кривични пријави. Влеговме во ресторанот Мирко 919 каде се правеше свадба, во ресторанот Буши, имаше свадба и во Чаир, преполни беа сите со гости. Во Тетово на пример, ги прават свадбите во ресторани кои се малку затскриени, но ете одиме и прондесуваме и кривични пријави и прекршочни, но очигледно тие гајле немаат. Во Струга, пак, ресторанот „Престиж“ е на два кат. И горе и долу имаше две свадби со над 150 луѓе, кои секако бидејќи си дошле на свадба не ги почитуваат протоколите. Како да се носи маска на свадба?, се иронично се пошегува Пауновски при нашиот разговор.

Сепак, уште еднаш потенцираше, дека граѓаните се премногу опуштени и дека мора да се направи поинаков пристап за да се спречи ширењето на корона вирусот во Македонија, зошто ситуацијта во текот на периодов што следи лесно може да излезе од контрола и вака ќе биде во недоглед.

А.Б.  


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот