22 Ноември, 2024
0.0284

Секое дете мора да се смее и тоа не чини пари: Стоматолог д-р Ѓорѓиевски враќа насмевки кај децата од ранливи семејства

Објавено во: Македонија, Интервјуа 26 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Тој е редок човек во ова наше општество. И како да се се‘ поретки таквите како него. Неговата мисија е да изнуди широка насмевка онаму каде што најчесто ја нема или истото тоа општество заборавило дека постои. Д-р Жикица Ѓорѓиевски е стоматолог, годинешен добитник на наградата 13 Ноември на Град Скопје за континуирана поддршка на лицата од социјален ризик. Токму нив, бесплатно им ги нуди своите стоматолошки услуги. До сега успеал да насмее десетици дечиња и возрасни, да им помогне да имаат убави заби, да им ги реши забните проблеми. Кога ќе се погледнат во огледало после интервенцијата се смеат, а тоа е нешто возвишено! Тој е среќен кога среќата е споделена, а тие среќни кога знаат дека некој безрезервно им ја создал!

Ве препознаваат во јавноста како стоматолог кој дава бесплатни услуги за граѓаните од ранливите категории. Од кога е приказната, како почна и како успевате да ја одржувате?

- Од денешен аспект, може да кажам дека мојата приказна е „производ“ на една Аристотелова изрека која вели дека „За нештата кои треба да ги научиме пред да почнеме да ги правиме, учиме правејќи ги“... Така и мојата приказна која ја нарекуваат хумана, се „испишува“ повеќе од три години,  и тоа сосема спонтано, од една средба со пациент (сега веќе мој пријател). Бидејќи потекнува од семејство со социјален ризик, на таа средба сакав меѓу другото да направам нешто повеќе за него,  што ќе биде подолгорочно и ќе влијае на неговата самодоверба. Тој беше во периодот на  животен крстопат, низ кој сите сме поминувале и кога секоја поддршка е добредојдена, било да е морална или финансиска.. Тогаш му понудив да направиме комплетен стоматолошки преглед, како еден мал придонес за подготовките за матура, по што следуваа неколку ортодонтски интервеции и третмани со кои ја вративме насмевката кај него.  Задоволството беше поголемо кога забележав дека со тој мал чекор, кај него се зајакна самодовербата. Тоа е нешто што се губи многу брзо а треба време за да се врати, а јас и мојот тим успеавме да му ја вратиме насмевката.

Она што мислам дека го постигнуваме јас и мојот тим со пружањето на бесплатни стоматолошки услуги за лицата од социјален ризик е што влијаеме да ја тргне стигмата од овие лица од социјален ризик, особено кај најмладата популација. Тоа се деца, возрасни со кои животот си поиграл но не значи дека ние треба да ги отфрлиме, туку да помогнеме полесно да се интегрираат во социјално- општествените прилики.

Било да се деца без родители или родителска грижа, било да се поранешни штитеници на дом за деца без родители, тоа се мои пациенти кои добиваат бесплатни стоматолошки прегледи и контроли затоа што тоа го заслужуваат, ние сме фокусирани да им помогнме колку можеме.  Децата од Јавната установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение се мои пациенти и тие заслужуваат да бидат третирани како и  сите останати деца кои доаѓаат на редовни стоматолошки прегледи и интеревеции со своите родители. И овие деца заслужуваат достоинствено детство за да може понатаму да изградат  стабилни меѓучовечки односи за нивен достоинствен живот. Мојот придонес е многу мал во однос на тоа што се им е потребно на овие лица за успешна социјализација, но кога секој од нас би правел по некој чекор, верувам дека овие лица ќе бидат посреќни и поуспешни.


Дали имате поддршка од други институции, дали ве контактирал некој од надлежните институции или од други организации кои работат на полето на социјалните работи?

- Споменав дека формална соработка имаме со ЈУ за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение, а беа иницирани и предлози за соработка со неколку центри кои работат со посебни категории на дискриминирани лица, но се уште нема некоја конкретна и стабилна соработка со која би се опфатиле  повеќе институции.

Сметам дека овде има простор да се вклучи и локалната самоуправа, која треба да ги препознае овие иницијативи од приватниот сектор, да даде поддршка и заедно со други одговорни институции, граѓански организации и секако со медиумска поддршка да развиеме нова социјална услуга која ќе им биде од помош на лицата од социјален ризик.

Ова е еден вид и апел до одговорните од институциите да ги препознаат нашите искрени намери, заеднички да се обидеме да изградиме социјални услуги кои ќе влијаат на подобар развој и социјализација на лицата од ранливите категории. Информиран сум дека веќе Министерството за труд и социјална политика работи на вакви програми за развој на социјални услуги на локално ниво, и искажувам јавно подготвеност за приклучување кон овие програми согласно предвидените критериуми. Само на тој начин ќе го вратиме достоинството кај овие лица.

Сам или здружено, јас ја продолжувам оваа мисија, а при тоа  сакам да ги охрабрам и другите поединци или институции да се приклучат по патот на емпатичната насмевка, за заеднички да развиваме нови социјални услуги кои се неопходни за нашето општество.

Емпатија и грижа за секој пациент е моето мото, моја заложба е пациентите да бида згрижени и услугата да ја добијат во удобни и современи услови.


Сепак, вашата хуманост беше препознаена од Град Скопје и за континуираната поддршка кон социјално ранливите категории лица годинава ја добивте и 13 ноемвриска награда.  Што значи тоа за вас?

- Наградата на Град Скопје ми значи многу поради тоа што мојата хумана работа е препознаена и вреднувана од Градот за што ја користам приликата да се заблагодарам на градоначалникот на Град Скопје и советниците кои ми оддадоа почит кон делото, го верифкуваа она што се чини дека недостасува во овој град, општество...

Ќе бидам уште посреќен доколку оваа награда инспирира и други лица да се приклучат на оваа мисија. Ве уверувам дека ќе ја оправдам оваа награда која претставува дополнителен мотив за да продолжам по патот на емпатичната насмевка за социјално ранливите категории на лица. Истата ја посветувам на нив, на сите кои се борат за своето место во општеството во кое, за жал, се помалку има човечност, моралност и солидарност.

Како го организирате времето на работа за да може да посветите внимание и на овие лица покрај другите редовни пациенти? Kако се организирате со тимот?

- Во нашата мала организација каде се нудат стоматолошките услуги од секаков вид и каде што работиме по современи стандарди и стоматолошки протоколи е неопходна и  беспрекорна  организација на тимот.  Ние сме „patient-centered oriented” или вистинска грижа, во вистинско време и на вистинско место. Соработката со пациентите, нивните семејства е на прво место за да може да понудиме најсоодветна и правилна стоматолошка услуга на пациентот. Водечко мото во нашата ординација е грижа за секој пациент и емпатичен пристап кон секого од нив, од било која возраст и било која припадност, структура итн... Креирање на персонал план за грижа и следење на оралното здравје користејќи ги сите расположливи современи методи и техники за побезболен преглед на пациентот е императив за мојата работа и на мојот тим, што овозможува што попрецизно претставување на моменталната орална состојба кај пациентот. Тоа значи дека редовните прегледи се задолжителни, насоки за правилно одржување на оралното здравје и при тоа да не се користат алтернативни методи при појава на болки во забите или консултирање по социјалните мрежи бидејќи тоа најчесто предизвикува и влошување на состојбата кај пациентот поради лоши или несоодветни совети. Секој пациент е со посебни потреби и проблеми и треба да се третира стручно и соодветно.

Лицата од социјално ранливите категории се наши редовни пациенти, а приоритетот за преглед го утврдуваме согласно ургентноста на проблемот, при што се придружуваме и до распоредот на пациенти што е претходно утврден, но поради нашата добра организација и расположливи човечки ресурси ниту еден пациент не е оставен на чека повеќе од 15 минути.


Какво е чувството кога ќе помогнете на овие лица?

-  Ќе се обидам со овој одговор да не звучам нескромно, но со оваа мисија ние сакаме да ја споделиме насмевката со сите, да ги трансформираме животите на овие лица. Задоволен човек е со убава насмевка, а ние тоа се обидуваме да го поттикнеме преку бесплатните стоматолошки услуги за социјално ранливите категории на лица.  Моето задоволство е најголемо кога ќе ја видам таа среќна насмевка кај сите пациенти, без исклучок.

Како гледаат вашите колеги на оваа мисија, дали ви се јавиле да се приклучат и како планирате да ја продолжите оваа мисија?

-  Искрено, не знам! Ми честитаат за заложбите, за ентузијазмот да поттикнам и други колеги да се приклучат на мисијата и тоа ќе продолжам да го правам. Ќе бидам среќен доколку ова биде почеток на една кампања која планираме да ја спроведеме во следниот период, за што сметам дека се создадени општествени и инситуционални услови во нашата земја. Креирање на нови социјални услуги и интегрирање на лицата од социјално ранливите категории е фокусот на еден ентузијастички тим со кого се сретнав, а тоа дополнително ме охрабрува и мене да продолжам во оваа насока, без дилеми.

Како изгледа еден релаксиран ден, ваше хоби или друга преокупација...

-  Не сум статичен тип, а секојдневното набиено темпо на работа се обидувам да го разбијам со вежби во сала, каде се растерувам од “дневниот товар“ и каде ги полнам батериите за следниот ден. Приврзаник сум на боречките вештини, а рекреативно сум посветен на кик-боксот. А концетрацијата и прецизноста си ги “вежбам“ преку стрелаштвото.

Колку ми дозволуваат обврски, се обидувам да се опкружувам со пријатни луѓе, со кои може отворено да разменам мислења, идеи, кои ме инспирираат за нови предизвици и искуства со кои сакам да придонесам за менување на работите за добро на сите.

Небојша Толески


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска

„СИТЕ ЛИНИИ СООБРАЌААТ, ИСТО КАКО И ПРЕТХОДНО“: директорот на ЈСП, Кушовски потврди дека нафтата пристигнува

„СИТЕ ЛИНИИ СООБРАЌААТ, ИСТО КАКО И ПРЕТХОДНО“: директорот на ЈСП, Кушовски потврди дека нафтата пристигнува

ОТВОРЕН НОВ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 48 МИЛИОНИ ЕВРА - „Подравка“ го заклучи најзначајниот инвестициски циклус

ОТВОРЕН НОВ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 48 МИЛИОНИ ЕВРА - „Подравка“ го заклучи најзначајниот инвестициски циклус