22 Ноември, 2024
0.0292

СЕКОЈ ВТОР Е ЗАРАЗЕН СО КОВИД, НО НЕМА ГОЛЕМ БРОЈ ПРИЕМИ ВО БОЛНИЦИТЕ: Пациентите од овој бран имаат полесни симптоми, д-р Костов за Фактор

Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Веднаш по новогодишните празници, брзите тестови во аптеките станаа најпродаваниот производ. Матичните лекари се преполни со пациднти, а пред лабораториите редиците луѓе се предолги. Официјалните бројки на заразени со ковид покажуваат нагло искачување на новизаразени, па и во овој бран повторно во Македонија има над 10.000 инфицирани граѓани, а само во Скопје повеќе од 6.000. Но, за среќа здравствениот систем се уште добро се држи, особено поради тоа што нема силен притисок врз болниците, односно ковид центрите, а и оној мал број пациенти кои се примаат на болничко лекување се со полесна симптоматологија. Директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Христијан Костов, во разговор за Фактор посочува дека сепак вакцините, како и веќе стекнатиот имунитет од прележаната болест колку-толку го запреа пренатрпувањето во болниците.

-Во моментов кај нас болнички се лекуваат 50 пациенти. Одделението за интензивна нега е полно, но има голема разлика од претходните четири брана. Тука лежеа најтешките пациенти, а сега, иако сите се на кислородна поддршка, клиничката слика им е полесна. За среќа нема пациенти со ниска сатурација кои беа речиси секојдневие ланската зима, па и пролетта. Немаше место каде кревет може да се стави. Овие денови примаме најмногу до пет пациенти и главно тие се од другите градови-Прилеп, Валандово, Куманово, Крива Паланка..., посочува д-р Костов.

Вели дека од вкупниот број пациенти кои се сместени кај нив, 16 ги примиле двете дози од вакцината против корона вирусот, но и покрај тоа, кај нив инфекцијата со ковид довела до состојба да мора да бидат хоспитализирани.

-Станува збор за пациенти кои имаат други сериозни болести, што во голема мера придонесува болеста повеќе да напредува пред се заради кревкиот организам и заради послабиот имунитет. Но, дури и тие немаат најтешка форма на болеста. Сите останати пациенти се невакцинирани. И ова е уште еден доказ дека вакцините сепак не заштитуваат 100 проценти од зараза, но не дозволуваат вирусот да направи сериозни компликации. Ако сега немаше вакцинирани, овој бран ќе беше погубен, нагласува д-р. Костов.

Тоа што посебно го истакна е дека овој период, по празниците значително е зголемен бројот на амбулантските прегледи.

-Само до 15.30, до кога работат амбулантите во ГОБ „8 Септември“ има и до 160 прегледи дневно. Тријажниот центар во моментов не работи, бидејќи нема потреба, но доколку има поголема навала, подготвени сме веднаш да се екипираме целосно. Искрено се надевам дека и на толку многу новозаразени, нема да го имаме најсилниот притисок, уверува д-р Костов.

Во оваа здравствена установа сосема нормално функционираат и сите останати одделенија, а како што вели директорот Костов, прават се за подобрување на здравсттвените услуги. Пред новогодишните празници, една од поголемите инвестиции во ГОБ „8 Септември“ беше и пуштањето на новите лифтови, кои се од исклучително значење, како што посочува тој, за сите пациенти кои треба да стигнат и до деветиот кат.

Матичните лекари за Фактор потврдуваат дека се преполни со пациенти заразени со ковид, но најголемиот дел од нив, го прележуваат за три до пет дена со блага температура, повремена кашлица, течење на носот, мала омалаксаност...

-Секој втор што ќе влезе во амбуланта е заразен со ковид. Но, иако се тестирани дома, со брзите тестови кои ги купуваат од аптека и дефинитивно им покажале дека се позитивни, ние ги упатуваме да направат и ПЦР во лабораториите, но пациентите кои ги лекуваме главно се во општа добра состојба. Советуваме да се зема витаминската терапија, прават анализи на крвта, и генерално сите досега поминаа многу полесно, како обична настинка. Но, станува збор за пациенти кои се вакцинирани и кои немаат други здравствени проблеми, хронични заболувања, коморбидитети. Оние кои досега не ја примиле вакцината, поминуваат малку потешко, но за среќа не сме упатиле ниту еден на болничко лекување, велат од ПЗУ „Прамамедика“.

Според СЗО, пандемијата на корона вирусот во наредните три месеци може да го доведе светот во многу потешка ситуација, но сепак најавија дека крајот е на повидок.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира

ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ГРАДОТ: Советот предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија

ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ГРАДОТ: Советот предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија

МИЦЕВСКИ ЗА СКАНДАЛОТ СО АПАСИЕВ: Очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание

МИЦЕВСКИ ЗА СКАНДАЛОТ СО АПАСИЕВ: Очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание

ШУТАРОВ: Да го наведеме износот од 2,5 милиони литри коишто би биле доволни за ЈСП да јa извршува функцијата до крајот на годината

ШУТАРОВ: Да го наведеме износот од 2,5 милиони литри коишто би биле доволни за ЈСП да јa извршува функцијата до крајот на годината

СТОЈАНОВСКИ: Нафтата од државните резерви сега се доставува до базите на ЈСП

СТОЈАНОВСКИ: Нафтата од државните резерви сега се доставува до базите на ЈСП

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО СОБРАНИЕТО: Апасиев има порака до ВМРО-ДПМНЕ

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО СОБРАНИЕТО: Апасиев има порака до ВМРО-ДПМНЕ

ГРАД СКОПЈЕ ЈА ПОЗДРАВИ ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА: Секогаш е подобро политика да се води со разум, а не со инает

ГРАД СКОПЈЕ ЈА ПОЗДРАВИ ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА: Секогаш е подобро политика да се води со разум, а не со инает

ДЕТЕТО ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Ученик давел соученик во Велес и му нанел тешки повреди

ДЕТЕТО ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Ученик давел соученик во Велес и му нанел тешки повреди

ПЕТРУШЕВСКИ ЗА АПАСИЕВ: Не смее да се паѓа на провокации кои се единствена алатка на ограничени и нецивилизирани умови

ПЕТРУШЕВСКИ ЗА АПАСИЕВ: Не смее да се паѓа на провокации кои се единствена алатка на ограничени и нецивилизирани умови