Секоја нова мутација го прави Ковид -19 поопасен
Објавено во: Свет, Корона Вирус 05 Февруари, 2021
Секоја нова мутација го прави Ковид -19 поопасен.
За ова предупреди денеска министерот за здравство на Германија, Јенс Спан, и шефот на Институтот „Роберт Кох“, Лотар Вилер. Вилер изјави дека се откриени неколку мутации и дека засега е докажано присуство на три соја во Германија. Тој потенцира дека вирусот сè уште не е уморен, но дека добил нов поттик преку мутацијата, поради што е важно граѓаните да ги почитуваат мерките.
„Овој вид е позаразен и поопасен. Ние мора да спречиме оваа варијанта да се шири понатаму“, рече Вилер.
Тој посочи дека динамиката со која ќе се шират новите видови е од клучно значење. За вакцинацијата, Спан кажа дека претстојат потешки недели поради ограничената испорака на вакцини.
Во светот досега се потврдени 105 милиони случаи на коронавирусот.
Потрагата за потеклото на коронавирусот ќе трае со години.foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.