19 Декември, 2025
0.0588

Села: Ако не се прифатат барањата може да создадеме и албански парламент во Македонија

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2017 18:10

Добивај вести на Viber

За сериозноста на политичката, а сега и институционална криза доволно говори и досега најцврстиот став на струшкиот градоначалник Зијадин Села кој смета дека ако ваквата состојба продолжи Албанците во Македонија може да формираат и свои институции што секако е знак на ирендетизам.

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села изјави дека ако не се реализираат барањата на Платформата на Албанците, тогаш постои можност да се формира и албански парламент во Македонија.

Села за ТВ21 рече дека ќе влезе во коалиција со СДСМ на Заев само ако оваа партија претходно донесе Закон за Албанскиот јазик, повторно се расправа за Буџетот и ако се продолжи рокот за активноста на СЈО, а потоа ќе дојде време и за промена на Уставот.

„Ако не се прифатат овие барања, Албанците ќе ги бојкотираат изборите и ќе формираат свои институции, меѓу кои и албански парламент во Македонија“ вели Села од Алијансата. 

Исто така ако се оди на распишување на нови избори Села ќе ги повика Албанците да ги бојкотираат бидејќи кризата мора да се реши со конечен договор, а не одредени политичари да им биде спасувана главата.


Можеби ќе ве интересира

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан