СЕЛЕНА ГОМЕЗ СЕ РАСПЛАКА ПОРАДИ ДЕПОРТАЦИЈАТА НА МИГРАНТИТЕ ОД САД: Посакувам да можам да направам нешто, но не можам
Објавено во: Свет 27 Јануари, 2025
Aмериканска пејачка и актерка со мексиканско потекло, Селена Гомез се расплака поради неодамнешните постапки на американскиот претседател Доналд Трамп, поточно поради депортацијата на мигрантите.
„Сите мои луѓе беа нападнати, а децата. Не разбирам. Жал ми е. Посакувам да можам да направам нешто, но не можам. Не знам што да правам. Ќе пробам сè , ветувам“, вели Гомез.
Актерката, која е родена во Тексас, неодамна раскажуваше за миграцијата на нејзиното семејство во 1970-тите кога нејзината тетка ја преминала границата од Мексико во Америка скриена во задниот дел на камион.
„Недокументираната имиграција е прашање за кое размислувам секој ден и никогаш не заборавам колку сум среќна што сум родена во оваа земја благодарение на моето семејство. Но, кога читам вести или дискусии за имиграцијата, чувствувам страв за оние во слични ситуации. Се плашам за мојата земја“, рече таа неодамна.
Изминатата недела САД депортираа повеќе во 4.000 мигранти од Мексико.