Селмани до ВМРО-ДПМНЕ: Трпеливо ве трпиме 10 години, сега ќе ве испратиме на цивилизиран начин
Објавено во: Македонија 14 Декември, 2016 09:57
Првиот човек на Здружението на новинари, Насер Селмани на социјалните мрежи го искажа својот став за изборите, и за последните реакции на владеачката партија во однос на тврдењата дека опозицијата сака да им ја украде победата.
Ви ја пренесуваме неговата порака во продолжение:
„Влатко Ѓорчев и неговите приврзаници ќе губеле трпение ако некој им ја украде победата! Врхушката на ВМРО-ДПМНЕ десет години на нас смртниците ни ги крадеше гласовите и парите. Ни ги крешеа и правата и ни ги узурпираа институциите, ние пак издржавме и не изгубивме трпение. Не го истуривме гневот против режимот, иако имавме многу повеќе причини од Ѓорчев да го направиме тоа! Ама не го направивме, чекавме трпеливо на избори да ве испратиме на цивилизиран начин!
Криво ми е што Груевски го злоупотребува Ѓорчев да ни се заканува со јогурт револуција како на времето на Милошевиќ. Што би рекол еден мој драг пријател, стар ви е софтверот дечки, дајте нешто ново!
Џабе се заканувате, никој повеќе сериозно не ги сфаќа вашите закани! Опуштете се, се ќе биде како што треба!
Не е крај на светот, туку е крај само на политичката кариера на Никола Груевски. Нема да биде ни прв ни последен. Многу побитни политичари од Груевски имаат заминато во историјата, па не пропаѓал светот!
Има нови луѓе во ВМРО, кои партијата ќе ја направат демократска и европска! Ако тргнат по умот на Груевски, ќе станат како радикалите на Шешељ во Србија“, гласи пораката на Селмани.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




