Село Драчево доби нова градинка
Објавено во: Мои пари 12 Февруари, 2013 14:17
Деведесетина деца од претшколска возраст од селото Драчево отсега ќе можат да бидат згрижени во детската градинка „Ѕуница“ клон на ЈОУДГ „8 Март“, која денеска беше пуштена во употреба.
Во градинката ќе можат да се згрижуваат деца од јасли до тригодишна возраст во една група, а децата од три до петгодишна воздраст во две воспитно-згрижувачки групи.
Клонот „Ѕуница“ ќе функционира во адаптиран објект на површина од околу 400 метри квадратни, дел од основното училиште „Климент Охридски“ во село Драчево. Средствата за адаптација на објектот, во висина од четири милиони денари, ги обезбеди општината Кисела Вода. Објектот е енергетски ефикасен и треба да овозможи заштеда на средства за греење и ладење.
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, кој присуствуваше на пуштањето во употреба на детската градинка, истакна дека тоа е само уште една потврда на политиката на владејачката партија за грижа и заштита на децата.
Со отворањето на овој објект, истакна министерот за труд, им се излегува во пресрет на родителите да можат да ги згрижат своите деца во градинки блиску до нивните места на живеење. Со тоа, како што посочи, тие нема да бидат принудени да патуваат подалеку за да ги носат децата во претшколски установи, ниту пак да ги запишуваат на листи на чекање во поодалечените градинки.
Градоначалникот на Кисела Вода Марјан Ѓорчев истакна дека на ваков начин се покажува дека општината ги следи политиките на Владата за поголема грижа за децата и младите и притоа најави отворање уште две градинки на територија на општината.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје





