18 Декември, 2025
0.0463

Селото Света Петка остана без струја и вода, поради кражби на електрична енергија

Објавено во: Македонија 13 Мај, 2025 11:12

Добивај вести на Viber

Кражбите на струја го оставија селото Света Петка од општина Сопиште без електрична енергија и вода, дознава „Фактор“. Локалните жители ги спречиле екипите на електродистрибутивното претпријатие да направат интервенции во мрежата.

Жителите на селото Света Петка се соочуваат со прекин во снабдувањето со вода и електрична енергија, откако во раните утрински часови настанал дефект во дистрибутивната мрежа како резултат на неконтролираните кражби на струја.

Информацијата за прекинот ја потврди и локалната власт. Оваа криза директно влијае на 150 домаќинства кои во моментов се без основни услови за живот. Пумпите за вода кои работат на струја, ги оставиле жителите во мизерна состојба. За ситуацијата се обративме со прашање до дистрибутивната компанија.

„Поради континуираните нелегални приклучувања и неконтролираното трошење на електричната енергија, денес настана дефект од посериозни размери во мрежата во сопственост на Електродистрибуција. Во моментов сите корисници од селото Света Петка немаат снабдување со електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен за санација, но беа попречени од страна на дел од жителите. Поради вербалните закани и неможноста за работење, екипите се повлечени од селото.“ гласи објаснувањето од ЕВН Електродистрибуција.

Од компанијата додaваат дека низ годините повеќепати се потрудиле да ја реконструираат мрежата во селото Света Петка и за таа цел се реализирале и состаноци со населението, но без никаков резултат. 

Според податоците, загубите на електрична енергија во селото се над 60 отсто, додека наплатата на електричната енергија е само 7 проценти..

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија