СЕМЕЈСТВАТА ОЧАЈНО ГИ ЧЕКАА: Oсум од заложниците кои ги држеше Хамас се мртви
Објавено во: Свет 27 Јануари, 2025
Мртви се осум од заложниците кои палестинската терористичка група Хамас требаше да ги ослободи во првата фаза.
Портпаролот на израелската војска Дејвид Менцер ја потврди информацијата. Семејствата веќе се информирани дека заложниците се мртви.
Според договорот за прекин на огнот, во првата фаза од шест седмици, почнувајќи од 19 јануари кога престанаа борбите, 33 заложници треба да бидат ослободени во замена за повеќе од 1.900 палестински затвореници кои се во израелските затвори. Седум заложници веќе се вратија дома. Тие беа ослободени на 19 и 25 јануари. На 7 октомври во 2023 година, Хамас го нападна Израел и зема заложници. Семејствата протестираа и бараат власта да направи договор со Хамас за ослободувањето на заложниците.