Семејството Костовски доби првична помош по потресната сторија
Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2017 16:00
22 годишниот Драган и неговиот неподвижен татко со кој во Ѓорче Петров во трошна куќа живеат во многу тешки услови по објавувањето на потресната сторија добија внимание од надлежните институции.
Министерството за труд и социјална политика уште од самиот почеток по објавувањето на сторијата во медиумите министерот Ибрахими вети парична помош и сместување на таткото во Геронтолошки центар, соопштија од министерството.
Имено, 22-годишниот Дејан секојдневно води битка за себе и за неговиот неподвижен татко кој претрпел четири мозочни удари, а состојбата дополнително му се влошила откако го скршил и колкот. Костадин има потреба од 24-часовна нега од надлежна институција. Тој е корисник на инвалидска пензија што во моментов е недоволна за да ги покрие сите нивни трошоци. Целокупната грижа околу Костадин засега е на товар на неговиот син Дејан кој, пак, заради тоа не може да работи.
Министерот Ибрахими при посетата поразговара со Дејан и договорија конкретни чекори со цел да му се помогне.
„Екипи од ЦСР Карпош веднаш беа на лице место и сакавме на тивок начин без медиумска помпа да го решиме проблемот бидејќи најважно ни беше да му помогнеме на семејството Костовски. Сепак поради медиумското значење коешто го доби случајов одлучивме, еве вака и јас лично, како министер за труд и социјална политика да го посетам семејството и да ја информираме јавноста што преземаме. Имено, во моментов вложуваме напори татко му на Дејан да биде сместен во Геронтолошкиот завод и ние како Министерство ќе им доделиме еднократна парична помош во висина од 20.000 денари што ќе биде доволно да ги покриеме трошоците за првиот месец за неговиот престој, како и за вториот и третиот месец до моментот додека не бидат поднесени документите и обезбеден надоместокот за помош и нега од трето лице со што заедно со пензијата во целост ќе се покријат трошоците за престој во установата. Ние и натаму ќе бидеме во контакт со семејството и ќе ја следиме ситуацијата во наредниот период и доколку се укаже потреба ќе реагираме”, изјави министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими по денешната посета на семејството Костовски.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




