19 Декември, 2025
0.1523

СЕМЕЈСТВОТО НА НАТАША КОЈА БЕШЕ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ГЕРМАНИЈА СО ТАГА СЕ ОБРАТИ ДО ЈАВНОСТА: Ви благодариме за сѐ, никогаш нема да ја заборавиме

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2024 11:15

Добивај вести на Viber

Сестрата на Наташа Совраноски, младата Македонка која беше пронајдена мртва во Германија, икзрази голема благодарност до сите добри луѓе кои дошле на погребот на Наташа, им изразиле сочувство, но и на сите кои им помогнале и им понудиле помош. 

Анастасија Совраноски излезе со следнава објава на фејсбук. 

„Почитувани семејства, пријатели, познаници и колеги на Наташа.

Сакавме да им се заблагодариме на сите што дојдоа на погребот.

Благодарност до сите што изразија сочувство.

Ви благодариме на сите што ни испратија писмено сочувство.

Ви благодариме на сите што дојдовте на споменикот и ни испративте цвеќе.

Ви благодариме за секој убав гест и љубезен збор што ни покажа дека не сме сами во нашата тага

Ви благодариме за донациите за погребот и за собраните пари за Алесија 

Толку боли да изгубиш некој посебен 

Мојата сестра сепак нема никогаш да биде заборавена и ќе остане засекогаш во нашите срца“, напиша на фејсбук Анастасија Совраноски, заедно со нејзиниот татко Милчо, мајката и други блиски на семејството.


Како што е познато, Наташа Совраноски имаше 25-години и беше мајка на едногодишно девојче. Таа исчезна во Штутгарт, Германија, а после 25 дена од исчезнувањето нејзиното мртво тело беше пронајдено во шума, по што беше погребана. 

Од едно германско здружение за заштита на жените напишале дека „се запрепастени и сочувствуваат со загубата на 25-годишната Наташа од Бад Тејнах Завелштајн“. Според нив, младата жена и мајка, која беше исчезната од втори септември 2024 година, „беше пронајдена мртва на 27ми септември, како последица на насилство“. Исто така нагласуваат дека Јавното обвинителство потврдило дека осомничениот бил во врска со Наташа.

Фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот