Сенатот во САД бара објавување на тајни разузнавачки информации за потеклото на коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Мај, 2021
Сенатот во САД бара објавување на тајни разузнавачки информации за потеклото на коронавирусот.
Сенат за ова усвои заклучок. Заклучокот, предложен од републиканските сенатори Џош Хаули и Мајк Браун, му дава на директорот на Националната разузнавачка служба на САД 90 дена да ги декласифицира „сите информации за можни врски помеѓу Институтот за вирусологија во Вухан и потеклото на Ковид-19“. Потребно е да се објават сите релевантни информации во врска со активностите на Институтот Вухан и сите детали за тоа дали некои научници од тој институт биле болни есента 2019 година, пренесе „РТ“.
Претходно, се појавија разузнавачките податоци на американските служби дека неколку вработени во тој Институт се во болница поради респираторна болест, неколку недели пред да се објави првиот случај на вирусот во Кина.
Кина ја отфрла можноста дека коронавирусот избегал од лабораторијата. Кинеското Министерство за надворешни работи реагираше на последните обвинувања во САД, додавајќи дека и американските лаборатории се сомнителни и дека треба да се спроведе истрага и кај нив.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.