СЕПАК, НЕ БИЛО КАКО ШТО СО ГОДИНИ МИСЛЕВМЕ - и Фетаи побара доживотен затвор за првично обвинетите за Монструм
Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2021 14:49
Во основата на завршниот збор кој го даде обвинителката Фатиме Фетаи за случајот Монструм, всушност лежи фактот дека и по неговото повторување, не се отктри поинаква вистина за случајот во однос на претходната, за ова грозоморно петкратно убиство кое ја потресе македонската јавност.
Завршниот збор на обвинителката содржи околу 70 страници, и таа побара доживотен затвор за петмината обвинети.
Обвинетите во „Монструм“ Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, по извршувањето на убиствата, побегнале од местото на петкратното убиство кај Смилковско езеро, користејќи ја „опел омегата“ и се упатиле на договореното место каде ги чекал обвинетиот Хаки Азири, рече денеска обвинителката Фатиме Фетаи.
„На Хаки Азири му било кажано само дека имаат некои нерасчистени сметки и добил напатствија каде да ги чека додека да ја завршат работат, а му кажале дека додека ги чека мобилниот телефон треба да му биде исклучен. Околу 18.30 го однел по Агим Исмаиловиќ кај станицата за последна 9 во Топанско поле, каде била паркирана “опел омегата” во која влегол обвинетиот Агим Исмаиловиќ, а Хаки отишол да ги чека на договореното место и околу 20 часот пристигнала опел омегата, обвинетите се качиле во возилото на Хаки, а при влегување на прашање на Хаки “што бидна” Африм рекол „направивме гомнарија, убивме човек“, рече обвинителката Фетаи.
Тој, иако дознал дека сториле убиство, ги превезол во домот од каде излегле од возилото.
Потоа, од дознавањето до заминувањето, ги криел и ги оддалечил од местото на настанот.
Додеја, пак, Фејзи Азири, иако знаел дека сториле убиства на повеќе лица со кои било создадено чувство на страв кај населението, организирал бегство на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од Република Македонија во Косово.
„Да се разбереме, овој чин не заслужува ништо помалку од доживотен затвор. За петкратното убиство на 12 април 2012 година, обвинети се Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Африм Исмаиловиќ, Алил Демири, Хаки Азири и Сами Љута. Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се во бегство во Косово и досега не се екстрадирани“, рече Фетаи.
„Од прислушуваните материјали не произлегоа битни факти. Нужноста истите да бидат презентирани беше потребата за трагање по вистината, но и отфрлање на сите сомнежи кои се појавија низ годините“, истакна Фетаи.
Таа го посочи промиерот со премиерот Зоран Заев, кој од позиција на лидер на тогашната најголема опозициска партија, јавно зборуваше дека прислушуваните разговори ќе ја откријат вистината за „Монструм“.
„И покрај ваквото тврдење се отфрлија сомнежите дека постои друга вистина, на која, на еден начин, беше навлечена јавноста. Но, ниту прислушуваните материјали, ниту неговиот исказот, не ја смени вистината во Монструм, рече Фетаи
На прашање на обвинителството дали постојат други материјали, Заев потенцирал дека сите материјали биле предадени на СЈО, а поради тоа што дел биле прибавени преку посебни истражни мерки бил советуван од неговите адвокати да не ги објавува во јавноста, поради што ги предал во СЈО.
За обвинетиот Сами Љута пак обвинителката кажа дека обвинението е повлечено, поради што, како што рече, очекува судот да донесе ослободителна пресуда.
Инаку, во претходното судење петмината беа осудени на доживотен затвор, но Врховниот суд во декември 2017 година ја укина пресудата, а случајот „Монструм“ потоа го презеде СЈО и судењето почна од почеток.
Кај Смилковското Езеро настрадаа четирите момчиња Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски и Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.
Можеби ќе ве интересира
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети
Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта




