Северна Кореја комбинира две опасни оружја
Објавено во: Свет 22 Декември, 2017
Северна Кореја се обидува да комбинира хемиско оружје кое има намера да го стави во проектилите со кои би ги погодила САД.
Oва го тврдат агенти од Јужна Кореја.
Намерата на Ким Џонг Ун е во проектилите со домет од 12.000 километри да стави антракс со што би можел да го загрози и САД, а ова го потврдија и од Белата куќа.
Научници на Ким наводно тестираат способност на антраксот да преживее на високи температури, кои се јавуваат кога проектилот повторно влегува во атмосферата.
Се смета дека Северна Кореја има помеѓу 2.500 до 5.000 тони хемиски агенси.