„СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ФАТЕНА ВО МРЕЖАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ“: Османи вели дека земјава потпаѓа под агенди од кои е загрозена стратешката цел на Албанците
Објавено во: Македонија 24 Јули, 2025 07:20
Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, вели дека Македонија потпаднала под агенди кои ја водат државата кон српски свет и дека тоа е алармантно.
„Усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент, каде што 461 европратеник од сите политички спектри заклучуваат дека Северна Македонија е фатена во мрежата на „српскиот свет“, е алармантно.
Ова повеќе не е политички став, туку факт потврден од апсолутното мнозинство претставници на европските граѓани.
Токму она за што предупредуваме со месеци: јасно лизгање кон агенди кои не се совпаѓаат со европските вредности и фундаменталните договори врз кои е изградена нашата мултиетничка држава.
Ова бара сериозна истрага и итна дебата во Парламентот:
Како државата се најде во оваа мрежа?
Кој ја загрози најважната стратешка цел на Албанците?
Кои се последиците за европската интеграција и внатрешниот соживот?
Во моментов нема поважна тема.
Ова е најнепосредната опасност за иднината на земјата“, вели тој.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




