19 Декември, 2025
0.1709

СЕЗОНА НА ГРИП КОЈ КОСИ: Како најбрзо да ја победите сезонската настинка

Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2017 15:37

Добивај вести на Viber

Редици пред ординациите и пред аптеките. Ваква е состојбата во главниот град, ама и ширум земјава.

Студеното време, аерозагадувањето и ниските температури сезонава косат во земјава.

Лекарите препорачуваат ако сте болни да не одите на работа за да не ја ширите настинката.

Институтот за јавно здравје соопштува дека до средината на декември повеќе од 4.000 граѓани биле заболени од грип, а пред и по Нова година оваа бројка варира и можно е бројот да се зголемил.

Лекарите очекуваат бројката на пациенти и натаму да расте во периодот што следи, а најмногу препорачиваат да бидат внимателни децата и возрасните над 50 годишна возраст.

Во продолжение ви пренесуваме неколку совети како да ја надминете сезонската настинка...

Инхалација

Прво што треба да направите е домашна инхалација. Доколку немате инхалатор, истиот ефект ќе го постигнете ако подлабок сад наполнете со жешка вода и во неа додадете една до две капки етерично масло од еукалиптус или нана. Главата прекријте ја со крпа за да ја задржите пареата. Вдишувајте ја во интервалите од пет минути.

Плакнењето на грлото

 Тоа е многу важно затоа што на тој начин се надохнадува влагата во воспаленото грло. Во чаша топла вода растворете лажица сол и со тој раствор четири пати на ден плакнете го грлото. За да го намалите гребењето и зарипнатост, пијте чај во кој има танини кој ја стега мембраната.

Со храната зајакнете го имунитетот

 Од настинката и грипот можете да се одбраните и без вакцина. Имунолошкиот систем го зајакнуваат витамините Б6, Б12, Ц, Е фолна киселина, железо и цинк. Правилната исхрана, вежбањето и доволно сон ќе помогне да се одбранете од грипот и настинката.

Црвениот и белиот кромид помагаат да се излекува бронхитисот и другите инфекции. Лукот има анти бактериски и анти вирусни својства.

Повеќе совети читајте тука

А како да подготвите домашен Фервекс? Научете овде!

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки