29 Јуни, 2024
0.0251

Шефот на безбедносните сили на Хамас и неговото семејство загинаа во Газа

Објавено во: Свет 19 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Шефот на безбедносните сили на Хамас, Џехад Мхајсен е убиен во Газа, пренесе Би-Би-Си. Информацијата ја потврдија и медиумите блиски до палестинската милитантна група. 

Загинале и членови на семејството на Џехад Мхајсен. Вдовицата на ко-основачот на Хамас, Абдел Азиз ал-Рантиси наводно е убиена во текот на изминатата ноќ.

Тие се последните високи членови на Хамас кои загинаа во она што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го опиша како „долга војна што неговата земја ја води против Хамас“.

Некои светски агенции вчера јавија дека Џамила Ал-Шанти, првата жена избрана во политичкото раководство на Хамас е убиена во израелски напад.

Претходно неделава, израелските одбранбени сили објавија дека Ајман Нофал, опишан како „висок функционер на Хамас“, исто така е убиен.

Израелски војници денеска убија девет Палестинци на Западниот Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант ѝм рекол на војниците на границата со Газа дека наскоро ќе ја видат Газа „одвнатре“, соопшти неговиот кабинет. Веројатно ќе почнат со копнена офанзива. 

foto AFP

Можеби ќе ве интересира

Италија бара од „Гугл“ 1 милијарда евра неплатени даноци

Италија бара од „Гугл“ 1 милијарда евра неплатени даноци

ФЕД: Скоро половина од компаниите кои користат вештачка интелигенција имаат за цел да ги намалат трошоците за работна сила

ФЕД: Скоро половина од компаниите кои користат вештачка интелигенција имаат за цел да ги намалат трошоците за работна сила

Интересна четворка која ќе води три европски и една евроатлантска институција: Еве кои се тие

Интересна четворка која ќе води три европски и една евроатлантска институција: Еве кои се тие

Банкрот после 450 години постоење: Тежок удар за позната германска пивара

Банкрот после 450 години постоење: Тежок удар за позната германска пивара

Се раѓа новиот најголем градежен пазар во светот, ѕирнете каде (ВИДЕО)

Се раѓа новиот најголем градежен пазар во светот, ѕирнете каде (ВИДЕО)

АМАЗОН ГО СОБОРИ РЕКОРДОТ: Ја надмина вредноста од два трилиони долари

АМАЗОН ГО СОБОРИ РЕКОРДОТ: Ја надмина вредноста од два трилиони долари

Песков откри што правел Путин за време на дебатата Бајден-Трамп

Песков откри што правел Путин за време на дебатата Бајден-Трамп

Бајден по дебатата со Трамп: „Знам дека не сум момче. Влогот е превисок“

Бајден по дебатата со Трамп: „Знам дека не сум момче. Влогот е превисок“

ИМА 1.5 МИЛИОНИ ПРЕГЛЕДИ: Норвежанец направи туристичка реклама во која вели „Дојдете во Осло, без врска е“

ИМА 1.5 МИЛИОНИ ПРЕГЛЕДИ: Норвежанец направи туристичка реклама во која вели „Дојдете во Осло, без врска е“