05 Декември, 2025
0.0362

Шеќерната репа ги загорче односите меѓу Србија и Хрватска

Објавено во: Агробизнис, Балкан 12 Октомври, 2012 13:58

Добивај вести на Viber

Хрватска е незадоволна од одлуката на владата на Србија за привремена забрана на извозот на шеќерна репка. Затоа, преку дипломатски канали во ЕУ се обиде да издејствува укинување на ваквата одлука, а потоа хрватскиот министер за земјоделство Тихомир Јаковина ја обвини Србија за непочитување на ЦЕФТА договорот, бидејќи го запира договорениот извоз на шеќерна репка. Од српското министерство остануваат на тврдењето дека уредбата за забрана на извоз на шеќерна репка, сончоглед и соја, која беше усвоена од страна на српската влада е во согласност и со правилата на СТО, и не го прекршува договорот на ЦЕФТА. Владата во Србија го забрани извозот на шеќерна репка, со образложение дека земјата била изложена на екстремно високи температури и суша, што резултираше со драстично намалени приноси.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?