08 Октомври, 2024
0.0481

Шекеринска го искоментира „Рекет“: Никој нема да биде заштитен ако го прекршил законот

Објавено во: Македонија 07 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Случајот „Рекет“ покажа колку повеќе ништо не е исто, бидејќи пред  три години граѓаните шепотеа за наводи за рекет и се плашеа гласно да зборуваат, а камоли да соопштат во јавноста.

Ова денеска го изјави денеска заменик-премиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска при денешната посета на велешката касарна за свеченото доделување договори за работа на 125 професионални војници.

– Сега покажавме дека кога ќе има таков навод институциите моментно реагираат. Никој не е заштитен  и никој не ја попречува истрагата. Од сите изјави од претставници на сите институции, особено од претставници на Владата добивте иста порака: Законот мора да важи за сите. Никој никогаш нема да биде заштитен ако го прекршил законот. Затоа ја подржавме истрагата, затоа побаравме органите што тоа треба да го направат постојано да ја информираат јавноста и затоа повикуваме да не се сведе истрагата, односно дискусијата на инсинуации и дисквалификации. Сите ние сме отворени пред јавноста, порача Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање за случајот „Рекет“ во врска со дел од написите во кои се спомнуваат имиња на функционери на СДСМ, меѓу кои некаде и нејзиното.

Таа додаде дека веќе добивала прашања од новинарите од различни медиуми и потенцира дека ниту како член на Владата, ниту како министер за одбрана, не фаворизирала некого, ниту потпишувала некои договори кои сега би излегувале во јавност.


Можеби ќе ве интересира

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот

Тачи: Јас бев главен преговарач за Европскиот фронт, ВМРО-ДПМНЕ веднаш одбија

Тачи: Јас бев главен преговарач за Европскиот фронт, ВМРО-ДПМНЕ веднаш одбија

„КАКВА ВРСКА ИМА ПРОМЕНА НА ИМЕ, ЗНАМЕ, УСТАВ СО КОПЕНХАШКИТЕ КРИТЕРИУМИ“: Мицкоски дециден - премногу отстапки кон Бугарија направивме

„КАКВА ВРСКА ИМА ПРОМЕНА НА ИМЕ, ЗНАМЕ, УСТАВ СО КОПЕНХАШКИТЕ КРИТЕРИУМИ“: Мицкоски дециден - премногу отстапки кон Бугарија направивме

„СРЕЌНА 50-КА ДРУЖЕ ЗОРАНЕ“: Зоран Заев слави јубилеен роденден

„СРЕЌНА 50-КА ДРУЖЕ ЗОРАНЕ“: Зоран Заев слави јубилеен роденден