Шекеринска: Институциите и администрацијата треба да бидат во служба на своите граѓани
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2016
Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска изјави дека Македонија мора да им овозможи на своите граѓани квалитетни, ефикасни и достапни јавни услуги и дека тоа е суштината на секоја добро организирана држава.
- Граѓаните се жалат дека многу тешко ги завршуваат своите обврски низ државните институции, дека тешко доаѓаат до информации, дека е мал борјот на шалтери, дека мора да излезеш од работа за да си ја завршиш обврската, а дека трошоците постојано растат. Затоа имаме план тоа да се промени, имаме план секоја институција во која граѓаните ги остваруваат своите права да работи во две смени и да овозможи услуги за граѓаните до 20 часот секој работен ден, сподели денеска Шекеринска.
Заменик претседателката на СДСМ додаде дека дополнително сите непотребни докумнети кои значат голем трошок на граѓаните и многу изгубено време ќе бидат укинати и нема да бидат дел од ваквите постапки. За секоја постапка којашто се води во државната администрација во рок од 6 мецеси ќе бидат објавени сите документи којшто се потребни, ќе биде објавено колку трае, и колку вкупно чини.
- Само на таков начин државата ќе работи за своите граѓани, само на таков начин институциите и администрацијата ќе бидат во служба на своите граѓани, додава Радмила Шекеринска.