Шекеринска: Учениците со помалку предмети, а повеќе вештини
Објавено во: Македонија 23 Септември, 2016
Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, најави дел од образовните реформи кои ќе ги воведе опозицијата, а тоа се намалување на бројот на предмети во основното и средното образование кои премногу ги оптоваруваат учениците, па наместо тоа ќе се фокусираат на практични вештини и знаења.
„Денеска децата и во основно и во средно училиште се преоптоварени со многу содржини и многу предмети. На пример, едно дете на 13 години, треба да биде добро и да се концентрира на околу 14 предмети коишто се задолжителни, и на до 3 изборни предмети. Ќе се сложите дека е тоа премногу. И дека заради тоа тешко е да се покрие тој материјал и во училиште, а уште потешко станува кога доаѓаат дома и кога бараат помош од своите родители кои мора да станат научници, да бидат добри во секоја област и да се справат со својата домашна задача“, изјави Радмила Шекеринска, заменик претседалка на СДСМ.
На овој начин од СДСМ сметаат дека ќе има подобри резултати во образовнието, ќе има мотивирани ученици, родители и задоволни наставници.