ШЕЌЕРОТ, МЕСОТО, ОРИЗОТ: Во светот храната поскапува
Објавено во: Економија 07 Мај, 2023
Глобалните цени на храната во април пораснаа. Поскапеа шеќерот, месото, оризот.
Глобалниот индекс на цените на храната сега е на 20 отсто повисоко ниво од рекордот постигнат во март лани по руската инвазија на Украина. Тој индекс на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), кој ги следи цените на најтргуваните прехранбени производи во светот, минатиот месец во просек изнесуваше 127,2 поени, наспроти 126,5 поени во март.
Индексот на цените на шеќерот скокна за 17,6 отсто во однос на март и достигна највисока вредност од октомври 2011 година. ФАО е загрижен поради намалената понуда по надолното ревидирање на производството во Индија и Кина, како и пониското производство во Тајланд и Европската унија (ЕУ).
Индексот на месото е повисок за 1,3 отсто на месечно ниво, а цените на млечните производи поевтинија за 1,7 отсто, растителното масло за 1,3 отсто, а житарките за 1,7 отсто. Откако почна војната во Украина, цените на храната скокнаа, а потоа се случи стабилизирање, но сега пак има пораст.foto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.