Шеќерот поскап за 65 отсто, медот за 30 отсто: Германците се соочија со огромен скок на цените
Објавено во: Економија 04 Октомври, 2022
Порасна и шеќерот во коцки, па килограм повеќе не чини 99
центи
Супермаркетите и дисконтите во Германија на почетокот на оваа недела повторно ги покачија цените на многу прехранбени производи.
Магазинот „Фокус“ посочува дека сите супермаркети и дисконти го покачиле шеќерот. За најевтин шеќер потрошувачите сега треба да платат 1,29 центи, што е зголемување за 65 проценти.
Во продавниците на дисконтните синџири „Алди“, „Лидл“ и „Нето“ минатата недела шеќер можеше да се купи за 79 центи.
Поскапе и шеќерот во коцки, па килограм повеќе не чини 99 центи, туку 1,49 евра, што е поскапување за 50 отсто. Шеќерот во прав поскапе за цели 100 отсто, пренесува Танјуг.
Поскапеа и бисквитите за 20 отсто, медот за 30 отсто, кечапот за 50 отсто. Така, кечапот во „Алди“ наместо 99 центи чини 1,69 евра. Германски „Фокус“ посочува дека ова поскапување не е последно, бидејќи производителите бараат уште повисоки цени.
Фото: unsplash
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.