„Шел“ ќе вложува во производството на гас во Кина
Објавено во: Свет 22 Ноември, 2012
Овие амбициозни планови се поврзани со високиот потенцијал на раст на побарувачката на природен гас во Кина, сооопшти во средата кинескиот весник на англиски јазик „Чајна дејли“.
-Кинескиот пазар на природен гас има огромен потенцијал, изјави извршниот директор на „Шел“, Питер Возер.
„Шел“ сега поседува два гасни блока во провинцијата Сечуан, на југозапад на Кина, со кои раководи во соработката со „Кинеската национална нафтена корпорација“ (КНПК).
Двете компании во март годинава го потпишаа првиот договор во историјата на Кина за разработка на наоѓалишта на гас од шкрилци во блокот Фушун-Јонгчуан, на површина од 3.500 квадратни километри.
Директорот на Кинеската национална управа за енергетика Лиу Тјенан очекува годишната потрошувачка на гас во Кина до 2015 година да нарасне на 230 милијарди кубни метри.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.