05 Декември, 2025
0.0307

Шест деца од „Димо Хаџи Димов“ се позитивни на норовирус

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2025 18:03

Добивај вести на Viber

Шест деца од училиштето „Димо Хаџи Димов“ се позитивни на норовирус. 

„Целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо Хаџи Димов“ и физичко-хемиската анализа, како и микробиолошката анализа на водата се во рамките на реферетните вредности“, информира Институтот за јавно здравје(ИЈЗ). 

Тешки метали, како што соопшти ИЈЗ, во мострите од вода не се пронајдени.

Како што претходно известивме за резултатите од мостри од храна и работни површини од истоименото училиште, најдени се фекални бактерии Enterobacteriaceа во мусаката и на неколку површини од кујната и училиштето кои укажуваат на нехигиена во училиштето и кујната. Од добиените седум примероци на биолошки материјал кои ги имаме примено во Институтот за јавно здравје од деца кои јавиле симптоми, шест се позитивни на Norovirus“, соопшти ИЈЗ.

За дополнително пристигнатите мостри од другите девет училишта, ИЈЗ ќе информира во понеделник.

Вчера директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска кажа дека бактерии од групата Enterobacteriaceae се пронајдени на чешмите и во храната што ја консумирале децата од кујната во Основното општинско училиште „Димо Хаџи Димов“.

Пред неколку дена, повеќе деца имаа стомачни тегоби. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво