ШЕСТ ДОЛГИ КОЛОНИ ВОЗИЛА НА ГРАНИЦАТА СО ГРЦИЈА: На „Богородица“ се чека со часови
Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2025 07:39
Граничниот премин Богородица утринава е преполн со возила од Македонија, Србија и од Косово. Шест колони возила се протегаат кон грчката страна, а патниците чекаат со часови за да продолжат кон своите летни дестинации.
Најголем дел од патниците одатна одмор, а дел од нив се на пат подолго од 12 часа.
„Тргнавме од Суботица вчера, возевме цела ноќ, и сега стоиме веќе повеќе од час и пол. Сепак, не се жалиме, ова ни е како кратка пауза да земеме здив пред да продолжиме кон Халкидики,“ вели Александар, турист од Србија.
За други, чекањето во жештината е понапорно.
„Имаме мали деца во автомобилот и не е лесно да се стои вака во место. Се обидуваме да бидеме трпеливи, ама навистина е напорно,“ изјави една скопјанка која со семејството патува кон Паралија.
Зголемен обем на сообраќај се очекува и во наредните денови, па надлежните апелираат граѓаните да бидат трпеливи, да носат доволно вода и да патуваат рано наутро или доцна навечер кога температурите се малку пониски.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




