27 Јули, 2024
0.1351

ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ПЛАТЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН - „Крејон Македонија“ ја доби првата „сочна“ исплата за сајбер одбраната по новиот договор

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Компанијата „Крејон Македонија“ има причини за да прослави. Пред околу три недели на нејзината сметка легнале „одлични“ близу 6 милиони евра од македонската Влада, како резултат на новиот Договор за сајбер одбрана за јавната администрација.

Во септември годинава пишувавме дека за оваа цел Владата склучи договор според кој ќе плаќа 25 милиони евра во следните три години.

Како што веќе пишуваше Фактор, набавката на софтверски лиценци и сервиси, што е една од цените што треба да ја плаќаме како 30-та членка на НАТО, ќе не чини 1.520.343.083 денари што во наредните 36 месеци ќе му се исплаќаат на конзорциумот Крејон Македонија - Аитоникс. Новиот договор склучен со Владата беше објавен на електронскиот систем за јавни набавки, и е значително поскап во однос на претходниот постигнат пред три години со истото партнерство, кој чинеше околу 16 милиони евра.

Алатката за отчетност на Владата отворени финансии покажува дека на 3 овој месец на компанијата Крејон Македонија и биле исплатени 353 милиони денари или прецизно 5,74 милиони евра. Како исплаќач на овие средства се јавува Владата на Македонија.

Исплата кон истата компанија имало и еден ден претходно, на 2 ноември, но префрлена е многу помала сума, од само 130 илјади евра. Овие пари се исплатени од Владата, од сметката за трансфер на средства.

Или, вкупно компанијата добила 5,87 милиони евра.

Според платформата Отворени финансии, претходно кон оваа компанија имало исплати во август годинава, исто од владината сметка за трансфер на средства. Тие исплати се реализирале во четири различни денови на август, а биле на вкупна сума од 261 илјади евра. Претходно во текот на оваа година нема други исплати, откако лани се префрлија последните средства по стариот договор.

Инаку, како што пишуваше Фактор, понудата на Крејон не била најниска, односно имало и таква за 22,7 милиони долари. Останати понудувачи биле Комтрејд Дистрибуција, Softwareone AG и Телелинк бизнис сервисис.

„Крејон Македонија“ е една од најголемите фирми во Македонија кои прават приходи во милиони евра а при тоа немаат ниту еден вработен. „Аитоникс“ е компанија во сопственост на Јордан Димитровски. „Крејон“ групацијата е еден од најголемите партнери на “Мајкрософт “ во светски рамки, а АД „Аитоникс“ е негов долгогодишен партнер и дистрибутер во Македонија, пишуваше Фактор. 

Во врска со овој милионски договор, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Како е можно договор за лиценци којшто пред 3 години вредел 16 милиони евра, сега да тежи над 26 милиони евра? Во кој дел Владата во овие три години го напреднала работењето, услугите на администрацијата, за сега за лиценци и компјутерски програми плаќа да дури 26 милиони евра, односно дури 9 милиони евра повеќе“, праша Наум Стоилковски од таа партија.

Минатиот договор за сајбер одбрана, пак, го потпиша претходниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, непосредно пред да ја напушти функцијата.

Инаку, во октомври лани пишувавме дека Владата ја исплати последната голема транша од договорот за софтверски лиценци. Тогаш на Крејон Македонија му беа исплатени 5 милиони евра, односно попрецизно 308.671.300 денари, според објава од Отворени Финансии. Во 2021 година му биле префрлени 284.792.300 денари, а во ноември 2020 првата поголема сума била 259.286.327 денари. Во меѓувреме се исплаќани повеќе помали суми, што вкупната се заокружува на околу милијарда денари.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Лукаревска ја прекина седницата, истата ќе продолжи утре

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Лукаревска ја прекина седницата, истата ќе продолжи утре

ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ ПОКАЖУВА ЗНАЦИ НА КРИЗА: Колку познати брендови ќе исчезнат за пет години?

ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ ПОКАЖУВА ЗНАЦИ НА КРИЗА: Колку познати брендови ќе исчезнат за пет години?

ЕВЕ КОЈ ДЕЛ Е НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН ВО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: И покрај проблемите, ќе биде изграден до 2026 година

ЕВЕ КОЈ ДЕЛ Е НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН ВО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: И покрај проблемите, ќе биде изграден до 2026 година

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра

НЕМА ЛУЃЕ ЗА МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ: Производителите се соочуваат со големи проблеми

НЕМА ЛУЃЕ ЗА МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ: Производителите се соочуваат со големи проблеми

ПРОФЕСОР ТРАЈКОВСКИ: Македонска компанија се подготвува да дебитира во областа на „зелениот“ водород

ПРОФЕСОР ТРАЈКОВСКИ: Македонска компанија се подготвува да дебитира во областа на „зелениот“ водород

МИЦКОСКИ ЛИЧНО ГО БИРА РАКОВОДСТВОТО НА ЕСМ И РЕК БИТОЛА: Лично сум фокусиран во изборот на кадри

МИЦКОСКИ ЛИЧНО ГО БИРА РАКОВОДСТВОТО НА ЕСМ И РЕК БИТОЛА: Лично сум фокусиран во изборот на кадри