18 Декември, 2025
0.0535

Шест министри од Западен Балкан и високи ЕУ претставници ќе разменуваат интеграциски искуства

Објавено во: Мои пари 24 Октомври, 2014 10:25

Добивај вести на Viber

Регионалното школо за Јавна Администрација (ReSPA), на 31 октомври во Холидеј Ин Скопје, ќе организира состанок на кој ќе учествуваат министри од шест земји од Западен Балкан. Целта на оваа средба е да се оценат резултатите и напредокот на земјите од Западниот Балкан во имплементацијата на реформите во јавната администрација, како и размена на искуства за процесот на интеграција во ЕУ. Станува збор за петта годишна средба на министерско ниво која ја организира РеСПА, а на која присуствуваат министрите задолжени за реформи на јавната администрација и процесите на европска интеграција. Домаќин оваа година е Македонија и министерот за информатичко општество и јавна администрација Иво Ивановски, кој ќе го предаде претседавањето со РеСПА во 2015 година на Црна Гора. РеСПА ќе ги информира министрите за актуелниот напредок (во реформите на јавната администрација и процесите за европска интеграција) и ќе ги претстави насоките и препораките за идниот период. Со оглед на заедничката цел, ЕУ интеграција, состанокот ќе биде одлична можност да се разменат искуства и да се подобри соработката меѓу земјите од Западен Балкан, за кои овие два процеси се приоритети на патот кон ЕУ. РеСПА е меѓународна организација, создадена на иницијатива на Европската унија и земјите од Западен Балкан, која работи со цел поттикнување и зајакнување на регионалната соработка помеѓу земјите-членки во областа на јавната администрација, управување со човечките ресурси и реформа на државните служби. РеСПА се стреми да понуди иновативна и креативна обука, вмрежени настани, градење на капацитети и консултантски услуги со цел да се осигура дека сите јавни администрации на земјите од регионот ќе се посветат на заедничките вредности на почитување, толеранција, меѓусебна соработка и интеграција. Седиштето РеСПА е во Даниловград во Црна Гора.

Можеби ќе ве интересира

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“