25 Ноември, 2024
0.0298

Шилегов да се повлече од идејата за парк кај Универзална: Архитекти со реакција

Објавено во: Македонија 28 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Да, на градот му треба поголема и посовремена концертна сала, но не и уништување на симболот на градот. За сала со поголем капацитет потребна е друга поголема и попристапна локација, велат во својата реакција од здружението City Scope. Реакцијата следува по објавата на Град Скопје за Конкурс за идејно решение за летна парк сцена на местото на Универзална сала која треба да се руши.

Во знак на 57 годишнината од земјотресот, градоначалникот на Скопје ќе ја руши Униврзална сала! Еден ден по одбележувањето на 57 години од земјотресот во 63-та, градоначаникот на Скопје, Петре Шилегов излегува со конкурс за „парк со летна сцена на местото на Универзална сала“. Вчера сите се навративме на страотните спомени, но и надежта за едно поубаво и похумано Скопје, па затоа апелираме до Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов да го повлече објавениот конкурс за „парк со летна сцена на местото на Универзална сала, стои во реакцијата.

Велат дека Универзална сала е дел од симболите на градот, коишто потсетуваат дека Скопје е град на солидарноста. 

„ДА, на градот му требаат и нови паркови и зеленило, но не на местото на овој објект. Универзална сала не треба да биде компензација за зеленилото на фабриката Треска со спорниот ДУП. ДА, на градот му треба сеопфатно урбано планирање и градски архитект, а не расцепкани, избрзани и неквалитетни решенија кои го дополнуваат хаосот и самоволието во сите општини. Конкурс не секогаш е решение и е далеку од сеопфатно решение на ниво на град. А и досега се покажал како чисто популистичка и манипулативна процедура за злоупотреба на јавното добро, стои во соопштението.

Додаваат дека на градот му се потребни рушења на објекти кои узурпираат јавен простор, попречуваат проток на движење или се дивоградби, секако тука не смее да спаѓаат симболи на градот Скопје. 

Јавноста бурно реагираше на оваа идеја.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик