Шилегов демантира дека ќе има зонско паркирање во Кисела Вода, Карпош и Гази Баба
Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2018 14:42
Градоначалникот Шилегов и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Штефан Петер, потпишаа Меморандум за соработка со ЕВН за користење на изложбениот центар „Матка“, кој е прв од ваков вид во регионот.
-По потпишувањето на овој Меморандум, изложбениот центар „Матка“ ќе добие поголема промоција и стане повидлив на туристичката мапа на Скопје. Овој изложбен центар е добитник на наградата „Музеј на годината“ која ја доделува ICOM (International Council of Museums) – Македонија, а минатата година ја доби и националната награда за општествена одговорност, што ја доделува Министерството за економија – истакна Шилегов.
Тој додаде дека претставници на неколку универзитети во Македонија, на средни и на основни училишта, како и претставници на Бирото за развој на образованието, потпишале Иницијатива за користење на Изложбениот центар „Матка“ во едукативни цели, во насока на унапредување на образовниот процес. Исто така, потсети дека се предвидени посети на учениците од средните училишта посетуваат на изложбениот центар во рамките на нивните екскурзии.
-Град Скопје постојано работи на создавање нови содржини што ќе го поттикнат локалниот економски развој и ќе ја збогатат туристичката понуда. Соработката со приватниот сектор во овој процес е од исклучително значење. Матка заслужува поголема грижа со цел максимално искористување на нејзиниот туристички потенцијал. Во таа насока, предвидовме проекти со кои може да се реши сообраќајниот метеж и проблемот со паркирањето. Дополнително Матка ќе ја збогатиме со нови содржини кои ќе ја зголемат атрактивноста на локацијата и ќе придонесат за привлекување на нови туристи.Ние продолжуваме да работиме на поттикнување и создавање на нови урбани содржини кои ќе му дадат на Скопје дополнителен модерен лик.– нагласи Шилегов.
Оформувањето на Изложбениот центар „Матка“ ја збогатува целокупната туристичка понуда на Градот, а со тоа Матка покрај природните и историски убавини, станува и дестинација за поинаков тип на туризам.
ДЕМАНТ ЗА ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ ВО Кисела Вода, Карпош и Гази БабаШпекулација е дека ќе се воведе зонско паркирање во општините Кисела Вода, Карпош и Гази Баба кажа скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
- Не сме влезени во имплементација на таков тип на паркирање. Она што излезе во медиумите во последниот период не е ништо освен Годишната програма за развој. За да дојдете до таква имплементација треба да имате Годишна програма за развој на „Градски паркинг“ што е вообичаено. Ниту сме разговарале, ниту тоа е предмет на имплементација. Мислам дека беше погрешно интерпретирана Годишната програма, посочи Шилегов во Изложбениот центар за електрична енергија „Матка“, кој од денеска ја збогатува официјалната туристичка понуда на Скопје.
Шилегов појасни дека не знаат дали во текот на годината ќе се пројави интерес кај определена општина за воведување зонско паркирање.
- Ако ги немате предвидено во Годишната програма нема да може да ги имплементирате. Не сме отидени во таа фаза на имплеменатција. И поради лошо интерпретирање или нецелосно интерпретирање се појави во јавноста таква шпекулација дека ќе се воведува зонско паркирање во овие општини, рече Шилегов
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




