19 Декември, 2025
0.0487

ШИЛЕГОВ ЌЕ ПРАВИ ОТВОРЕНА ЛЕТНА СЦЕНА НА МЕСТОТО НА УНИВЕРЗАЛНА: Објавен конкурсот

Објавено во: Македонија 27 Јули, 2020 11:45

Добивај вести на Viber

Конкурс за избор на идејно архитектонско и хортикултурно решение за отворена летна сцена со парк „Универзална“, објавил град Скопје пред три дена. Колку ќе чини реализацијата на проектот не се открива во огласот, затоа што сега се избира идејното решение. За тие кои ќе го понудат се предвидени награди, односно 180.000 денари за првонаграденото решение, 120.000 за второт и 60.000 денари за третонаграденото решение. Идеите треба да се достават до 28 август годинава.


Веќе е избрана и жири комисјата која ќе ги оценува решенијата. Во неа членуваат Маја Дончева, Бесник Осеку, Снежана Митоска, Александар Јанакиески, Аљоша Шопар и Никола Наумоски.

Лани во јули Владата му додели средства на Град Скопје за Универзалната сала. Сепак во меѓувреме стана ајсно дека салата нема да се реновира, туку е можно да се дислоцира. 

Во согласност со програмата на Владата за капитални дотации во локалната самоуправа во областа на културата за 2019 година, на Град Скопје му се доделени 30 милиони денари за реконструкција на Универзална сала.

Градоначалникот Шилегов, инаку вети стартување на процесот на изградба на Универзална сала веднаш по добивање на градоначалничкиот мандат уште во време на предизборието за локалните избори во октомври 2017.


Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните