Шилегов прашува: Груевски, каде е фабриката и работните места во Демир Хисар?
Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2016
„Пред само седум месеци Никола Груевски и неговиот дил-ориентед министер Владимир Пешевски лажеа дека токму овде, во оваа фабрика ќе влезе странската инвестиција на компанијата ,,СТС Текстајл. Овде требаше да работат над 150 граѓани од Демир Хисар. Се најавуваше и забрзан економски раст на овој крај“, изјави денеска Петре Шилегов, потпаролот на СДСМ.
Граѓаните на Демир Хисар беа излажани дека реализацијата на договореното е во тек. Како што можете да видите, инвеститор нема. Фабриката ,,Застава“ е празна, а и ветените стотици и илјадници работни места ги нема, вели Шилегов.
- За да биде истата лагата поголема, истата оваа странска инвестиција и илјада работни места сега ја ветуваш на граѓаните на Велес. Тажната вистина е дека илјадници граѓани на Македонија се изиграни од Никола Груевски за нови вработувања. Исто како и во Демир Хисар се лажеше и во Ранковце и во Крива Паланка. Таму досега требаше да бидат вработени околу 6.000 луѓе во Веибо !?, вели потпаролот на СДСМ