Шкариќ за Фактор24: Потребна е широка коалиција, идниот премиер да биде натпартиска личност
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2016 17:35
Професор д-р Светомир Шкариќ е еден од гостите во најновото издание на ТВ магазинот Фактор24 кое во среда ќе се емитува на 24 Вести.
Шкариќ во интервјуто со Горазд Чомовски посочи дека овој тесен изборен резултат треба да води кон креирање на поширока владина коалиција со поставување на експерти за министри, па и премиер експерт или натпартиска личност. Тој смета дека сега е вистинско време политичарите да покажат дека повеќе ја сакаат Македонија отколку партијата.
„Тесната победа на двата стожера во македонскиот блок и разбивањете на митот на ДУИ со три опозициони партии ќе доведе до тоа политичарите да размислуваат и делуваат на нов начин, бидејќи се присилени да владеат на поинаку. Еве можност да покажат дека повеќе ја сакаат Македонија од партискиот интерес. Очекувам да формираат поширока коалиција не во политичка смисла, туку коалиција која би ја воделе натпартиски личности“, оценува професор Шкариќ.

Целото интервју со проф. д-р Светомир Шкариќ и останатите содржини кои ви ги подготви тимот на Фактор24 ќе може да ги погледнете во среда навечер во 22:30 часот на ТВ 24 Вести.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




