ШОК ОД ИНФЕКТИВНА: Најмлада жртва на ковид во земјава, почина 15 годишно девојче - од МЗ велат дека била донесена со тешка форма на болеста, а имала гојазност
Објавено во: Македонија 01 Септември, 2021 13:02
Девојче кое имало само 15 години починало од ковид на Инфектиовната клиника во Скопје.
Ова девојче е најмлада жртва на ковид во земјава.
Од МЗ информираат дека девојчето претходно имало тегоби 10 дена, а 13 дена имало симптоми на болеста, пред да биде болнички лекувано.
Ова младо девојче, како што велат од Здравство, имало тешка форма на болчеста, односно станувало збор за девојче со гојазност, односно синдромолт обезитас.
„Министерството за здравство со голема жалост информира дека на Клиниката за инфетктивни болести и фебрилни состојби почина 15 годишна пациентка од село Селце тетовско.
Пациентката со многу тешка клиничка слика е донесена на Инфективна клиника, откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста. Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена. Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, пациентка е со обезитас. Епидемиолошката анкета е позитивна односно, според кажувањата на таткото на пациентката нејзината мајка е почината со Ковид 19“, велат од Министерството за здравство.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




