Добивај вести на Viber
Владата на Шпанија одлучи да наметне времено ограничувања на хрватските работници по 1 јули - денот кога Хрватска пристапува кон Европската унија.
Како што пренесе агенцијата Хина наведувајќи информации од шпанската амбасада во Загреб, медитеранската земја е седма држава во ЕУ која ќе биде тешко достапна за хрватските работници. Предходно и Германија, Холандија, Австрија, Велика Британија, Словенија и Белгија воведоа ограничувања.
Одлуката за ограничувато се должи на високата стапка на невработеност во Шпанија, која е 27 проценти или дури 52 проценти кај младите луѓе. Досега, десет земји потврдија дека тие нема да наметнат ограничувања - Шведска, Романија, Унгарија, Ирска, Словачка, Чешка, Данска, Финска, Естонија и Литванија, додека другите сеуште не ја донеле конечната одлука.
Во хрватскиот договорот за пристапување во ЕУ се дава можност на период на транзиција, во која земјите-членки може да наметнат рестрикции за вработување на хрватски работници според формулата „2+3+2“.
Практично, тоа значи дека првичниото ограничување на пристапот до пазарот на трудот трае две години, а земјите-членки можат, по ревизијата да го продолжат за уште три, а со добра причина и дополнително за уште две години.
Хрватска има право да наметне реципрочни мерки за оние членки кои решаваат да ја искористат оваа опција. Истите правила важат за сите нови членки кои се приклучија на Европската унија во 2004. и 2007. година.