Добивај вести на Viber
Шпанската влада воведе времена забрана од 2 години, за присилно одземање на домовите на должниците од ранливите социјални слоеви од нивните домови поради се позачестените случаи на самоубиства, јавува Ројтерс.
Мораториумот ќе важи за сите задолжени домаќинства со годишен приход до 19 200 евра, за оние кои долго време се невработени, за семејствата со мали деца и со член на семејството со посебни потреби.
„Ова е итна мерка за ублажување на последиците од најлошата економска криза“, изјави вицепремиерката Сораја Саенц де Сантамарија.
Таа исто така додаде дека владата планира да го зголеми бројот на достапни социјални станови со кои ќе обезбеди ниски ренти на луѓето што ги изгубиле своите домови поради неисплатени хипотеки.
Од 2008 година па досега, шпанските банки запленеиле принудно имот на над 400 илјади граѓани. Имигрантите во земјата беа меѓу најпогодените од кризата и високата невработеност. Сепак, последниве години, се повеќе шпански семејства почнаат да ги губат своите домови.
Статистиката покажува дека само во првото полугодие имало над 50 илјади должници кај кои било потребно присилно одземање на домовите, додека за целата 2011 година, имало околу 77 илјади вакви случаи.
Ројтерс потсетува дека шпанското законодавство е најтешкото во Европа, што се однесува до хипотекарните кредити. Според законските одредби должниците треба да ја платат целата сума на земениот кредит дури и откако банката го одземала и продала нивното живеалиште.
Од шпанската банкарска асоцијација соопштија дека нејзините членови ја разбираат новата мерка, но предупредија дека финансиските институции сега на свој грб ќе треба да преземат дополнителни трошоци, што во еден момент ќе стане невозможно.
Според податоците на централната банка во Мадрид околу 3% од кредитите за купување на куќа се означени како сомнителни кон крајот на јуни. Сепак вистинскиот проблем на шпанските банки не се хипотеките, туку кредитите за градежниот бизнис, од кои околу 27% се проблематични. Градежниците им должат на банките околу 300 милијарди евра, што е 30% од бруто домашниот производ (БДП) на земјата.
Истовремено цените на имотот во Шпанија продолжуваат да паѓаат. Во октомври на годишно ниво цените се намалија за 12,5 отсто. Од последното тримесечје на 2007 година досега, падот е над 33%.
Нагло поевтинуваат имотите во Мадрид и во регионот, како и на крајбрежјето кое забрзано се градеше поради силното пребарување станови за одмор од странците пред кризата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.