Шпанскиот крал за Божиќ со порака против отцепување на Каталонија
Објавено во: Свет 25 Декември, 2017
Шпанскиот крал Фелипе Шести при божикното обраќање до нацијата испрати порака против отцепувањето на Каталонија, посочувајќи дека сепаратизмот не е решение за меѓусебните проблеми и дека се уште има простор за дијалог и компромис.
„Патот пред нас не смее повторно да нр донесе во судир или поделба, тоа како што знаеме, создава неизвесност и мака. Лидерите на Каталонија мора да се соочат со проблемите кои ги засегаат сите граѓани, да ја почитуваат нивната различност и да размислуваат одговорно, за доброто на сите“, изајви Фелипе Шести, крал на Шпанија.
Шпанскиот премиер Маријано Рахој го распушти претходниот состав на каталонскиот парламент, откако Карлес Пуџдемон прогласи независност, повикувајќи се на референдумот на кој беше поддржана опцијата за одделување од официјален Мадрид. Врховниот суд и централната влада го прогласија за неважечки и покренаа судски постапки против челниците на Каталонија.
Во Европа и натаму има голема неизвесност како ќе се решат проблемите во Шпанија бидејќи сепаратизмот на Каталонија може да се преслика во многу други земји каде исто така постојат слични проблеми на неприфаќање на единство на автономни региони или покраини.