18 Декември, 2025
0.0634

Шпаркасе Банка го одбележува 31-ви октомври – Светскиот ден на штедењето

Објавено во: Мои пари 31 Октомври, 2014 13:56

Добивај вести на Viber

По повод Светскиот ден на штедењето претставници на Шпаркасе Банка денеска го посетија Дневниот центар за аутизам во Скопје. Посетата на Центарот е дел од програмата на Банката за одбележување на месецот на штедење како и Светскиот ден на штедење 31 октомври. Во рамките на посетата, за децата во Центарот беа организирани и разни друштвени и забавни активности со популарната маскота на детското штедење „Медо Штедо“. Посетата на Центарот е една од активностите предвидени со партнерството помеѓу Шпаркасе Банка и Здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром ‘‘Во мојот свет‘‘. Шпаркасе Банка го одбележа Светскиот ден на штедењето и преку анимирање и едукација на најмладите. Со цел да ги мотивира, едуцира и поттикне децата на штедење, Банката во текот на изминатиот месец организираше конкурс за избор на најдобар цртеж на тема штедење и обезбеди интересни подароци за најмладите штедачи. Шпаркасе Банка во својата мисија на корпоративно-општествена одговорност тежнее не само кон зголемување на сопствената продуктивност и квалитет на услуги и прозиводи, туку и кон унапредување на целокупната македонска економија и подигање на квалитетот на живот на локалната заедница. За оваа година, планирани се повеќе проекти од доменот на корпоративно-општествената одговорност, особено во делот на образованието, кутурата и развојот на најмладите.

Можеби ќе ве интересира

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“