ШПАРКАСЕ БАНКА И СЕТЕК ВО ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ СО СТУДЕНТСКИ ИТ-ВАУЧЕРИ
Објавено во: Мои пари 18 Ноември, 2025 15:12
Шпаркасе Банка АД Скопје во соработка со СЕТЕК со специјална промотивна активност за студентите што имаат студентски ваучер за ИТ-опрема – Секој студент што ќе го искористи ваучерот од 15.300 денари и ќе изврши доплата со која било картичка од Шпаркасе Банка при купување лаптоп во сите продажни салони на СЕТЕК, ќе добие пакет подарок – ранец и маус.
За полесен избор, изготвен е и специјален каталог со акциски цени на лаптопи, кој ги содржи сите достапни модели и понуди на СЕТЕК за студентите.
Кампањата е наменета за првите 1.000 купувачи што ќе извршат доплата со Шпаркасе картичка, обезбедувајќи им директна корист и поддршка во нивниот академски и секојдневен живот.
Оваа акција овозможува дополнителната доплата да ја извршат студентите, родителите или блиските на студентите, со што се олеснува процесот на купување.
Со оваа активност, Банката ги поддржува студентите во изборот на современа технологија, која ќе им користи во студиите и во секојдневните обврски. Партнерството со СЕТЕК овозможува студентите да добијат практична и вредна придобивка токму кога им е најпотребна, додека Банката продолжува да развива иницијативи што носат реална вредност и ја потврдуваат како сигурен и доверлив партнер на младите.
Избери паметно. Купи лаптоп со Шпаркасе и Сетек и добиј подарок!
· Дознај повеќе за акцијата тука.
· Погледни го каталогот тука.
*Правото на користење на студентските ИТ-ваучери е до 31.12.2025 г., а на пакет-подароците до искористување на количината.
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници





