05 Декември, 2025
0.3244

Шпаркасе Банка стипендира студенти, ќе ги праќа на специјализација во Грац

Објавено во: Мои пари 31 Јануари, 2013 17:12

Добивај вести на Viber

Шпаркасе Банка и Штаермеркише Шпаркасе во соработка со Универзитетот во Грац им нуди можност за доделување едногодишни стипендии за усовршување и стажирање на студенти и дипломирани лица од економскиот и правниот факултет во Скопје. Станува збор за програмата „Најдобрите од Југоистокот“, за која може да конкурираат најдобрите  студенти и дипломирани лица од областа на економијата и правните науки, од Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Целта на програмата е да се унапреди образованието, меѓународно искуство и влезот во професионалниот свет на студентите и дипломираните кадри, велат од раководството на Шпаркасе Банка. „Програмата за стипендирање и соработката што ја имаме со Економскиот факултет покажа одлични резултати. Воспоставениот механизам за размена на знаење, искуства  и информации се покажа повеќе од успешен Преку проширување на соработката со Универзитетот и вклучување на правниот факултет „Јустинијан Први“, настојуваме уште повеќе да помогнеме во поддршката на образованието и неговата промоција. Им обезбедуваме можност за афирмација на поголема група млади и талентирани личности и секако, нивно усовршување и заокружување на процесот на едукација“, изјави Саша Боко, член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка. Рокот за доставување на сите апликации е 8 март 2013 година. Право на учество во финалниот избор во Грац имаат тројцата победници од секоја од земјите учеснички кои се бираат врз основа на воспоставени критериуми и ќе бидат познати во април годинава. На крајот, од сите нив, во мај ќе бидат избрани 10-те победници кои добиваат стипендии за обука или стажирање во траење од една година во Грац, Австрија. На тројцата финалисти од Македонија, ќе им се доделат дополнителни награди од страна на Банката, сооштија од Шпаркасе Банка.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје