28 Ноември, 2024
0.0305

ШТЕДАЧИТЕ ОД ЕУРОСТАНДАРД БАНКА НЕ СИ ПОВЛЕКЛЕ 5,5 МИЛИОНИ ЕВРА - парите во септември се враќаат кај Фондот, еве што треба да знаат депонентите

Објавено во: Финансии 20 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Поминуваат трите години во кои четири македонски банки вршеа исплата на обесштетувањето на штедачите од Еуростандард банка, чии депозити беа до 30 илјади евра.

Исплатата ја вршеше Фондот за осигурување на депозити, но преку четири банки со кои соработуваше, а на средината на септември тој процес ќе се финализира, односно обесштетувањето веќе нема да се реализира преку четирите банки исплатувачи. 

Но, од оние пари кои беа предвидени и издвоени за обесштетување, а тоа беа вкупно 68 милиони евра, штедачите сеуште не си повлекле 5,5 милиони евра, и веќе во септември тие пари ќе си ги поврарти Фондот за осигурување на депозити.

Ова значи дека станува збор за прилично солидна сума пари која дел од штедачите не си ја подигнале, иако тоа можеа да го сторат во секое време преку четирите банки исплатувачи. Главно станува збор за мали влогови, за кои на штедачите не им се исплатело да ја тераат постапката за обесштетување.

Затоа овие средства сега ќе си ги поврати Фондот за осигурување на депозити, а тоа е наведено и во Финансискиот план на Фондот за оваа година.  

„Дополнително, во септември 2023 година, поради завршување на договорната обврска со банките исплатувачи на депоненти од Еуростандард банка, се очекува да се изврши поврат на неисплатените средства за исплата на обесштетување на депонентите од Еуростандард банка кои беа дозначени од Фондот за осигурување на депозити во четирите банки исплатувачи, во износ од 339 милиони денари (5,5 милиони евра – н.з.)“, се вели во Финансискипот план на ФОД за оваа година.

После 15 септември, доколку некој штедач сеуште ќе сака да си земе од своите заробени депозити, за тоа веќе нема да оди во банка, туку ќе треба да оди директно во Фондот за осигурување на депозити.

Имено, обесштетувањето на штедачите од Еуростандард до 30 илјади евра почна на 15 септември 2020 година, и таа се вршеше преку четири деловни банки, односно Комерцијална, НЛБ Банка, Стопанска банка Скопје и Халк Банка.

Од Фондот тогаш јасно кажаа дека секој депонент ќе има на располагање 36 месеци, односно 3 години од денот на почеток на исплатата, за кога ќе биде во можност да го оствари своето право на обесштетување во банките-исплатувачи.

„По истекот на овој временски период (три години), депонентите односно нивните наследници кои од различни причини не можеле да го остварат своето право на обесштетување во банките - исплатувачи, исплатата на обесштетување ќе може да ја остварат преку Фондот за осигурување на депозити кој ќе обезбеди обесштетување независно од тоа кога депонентот ќе достави барање за остварување на своето право на обесштетување“, нагласија пред три години од ФОД во своето соопштение.

Инаку, во февруари минатата година Фондот за осигурување на депозити на јавноста и соопшти дека тие во целокупната постапка на стечај на Еуростандард банка, ја одиграле најважната улога, а тоа е исплата на обесштетувањето на депонентите – физички лица на пропаднатата банка.

„Од 15 септември 2020 година кога започна исплатата на обештетувањето на депонентите на Еуростандард банка и до денес има исплатено 90,5 отсто од вкупно пресметаното обесштетување. Покрај оваа исплата која сѐ уште се одвива преку 4 банки исплатувачи, Фондот работи и на исплата на наследниците на депоненти кои починале. До сега се обработени преку 300 случаи на исплати на наследници“, се нагласуваше во соопштението.

ФОД има статус на доверител во стечајната маса на Еуростандард банка. За исплата на обесштетување на депонентите со право на обесштетување, Фондот издвои вкупно 4,2 милијарди денари или 68 милиони евра. Уставниот суд во мај 2021 година, донесе Одлука со која се укина член 163 став 3 од Законот за банките, со што ФОД го загуби правото на приоритетна наплата на своето побарување од стечајната маса на банката или штедилницата за која е отворена стечајна или ликвидациона постапка.

Инаку, во својот план Фондот наведува дека и годинава од своите членки, односно банките и штедилниците наплаќа стапка од 0,25 отсто годишно од вкупните депозити на население, иако согласно Законот за ФОД оваа стапка може да изнесува најмногу 0,7 отсто годишно од вкупните депозити во секоја банка, што значи три пати повеќе од сегашната премија што ја плаќаат банките.

А, оваа година ФОД очекува премијата да му изнесува 13,8 милиони евра, и со овие пари Фондот ќе купува државни записи. Со оглед што нивните камати поради инфлацијата како и сите други камати растат, Фондот оваа година ќе има многу поголема добивка во однос на ланската година, плус парите што ќе се вратат од обесштетувањето на Еуростандард.  

Фондот за осигурување на депозити годинава се очекува да се оствари нето добивка во износ од 419.412 илјади денари ( 6,8 милиони евра – н.з.), што во однос на претходната година е зголемување на добивката за дури 444,46 отсто, односно има енормно зголемување на добивката на оваа институција.

 „Нето добивката која се очекува да се оствари во 2023 година ќе биде распределена во ‘резервите за сигурност’ на Фондот заради зголемување на финансиската сила на Фондот, со што се овозможува поголема сигурност и доверба кај депонентите“, се вели во финансискиот план на Фондот.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КОМПАНИИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ПОДИГНУВААТ ПО 10 МИЛИОНИ ЕВРА - еве ги условите за користење пари од унгарскиот кредит

КОМПАНИИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ПОДИГНУВААТ ПО 10 МИЛИОНИ ЕВРА - еве ги условите за користење пари од унгарскиот кредит

АМЕРИКАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТАР ПРЕДУПРЕДУВА: Хонг Конг стана центар за перење пари и избегнување санкции

АМЕРИКАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТАР ПРЕДУПРЕДУВА: Хонг Конг стана центар за перење пари и избегнување санкции

ФЕД НАЈАВУВАА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ - НО ПОСТЕПЕНО: еве што значи тоа

ФЕД НАЈАВУВАА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ - НО ПОСТЕПЕНО: еве што значи тоа

ЗА БАНКАРИТЕ И ФОНДОВИТЕ НЕМА ЗИМА, ДРЖАВАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА И ПЛАЌА ДОБРИ КАМАТИ - нови обврзници од 90 милиони евра

ЗА БАНКАРИТЕ И ФОНДОВИТЕ НЕМА ЗИМА, ДРЖАВАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА И ПЛАЌА ДОБРИ КАМАТИ - нови обврзници од 90 милиони евра

ПАДНАА ЦЕНИТЕ НА КОПАОНИК: Еве колку чини да стасате до скијалиштето

ПАДНАА ЦЕНИТЕ НА КОПАОНИК: Еве колку чини да стасате до скијалиштето

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти